Tag "млади"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата до младите: Бидете новото лице на Европа

Папата Фрањо во понеделник 11 јули 2022 година, на празникот Свети Бенедикт, заштитникот на Европа, испрати порака до младите собрани на Конференцијата за млади на Европската унија во чешкиот главен град од 11 до 13 јули. Светиот Отец ги повика да ѝ дадат „нов лик на Европа“, која е инклузивна, образована и која не се плаши да го отфрли насилството.

Ватикан Вести

Папата до младите од Франција: Вдахнувајте се од примерот на Шарл де Фуко и Мари Ривие

На средбата со младите од францускиот регион Вивие – од каде што потекнуваат Шарл де Фуко и Мари Ривие, кои утре ќе бидат прогласени за светци, Папата во сабота 14 мај 2022 година ги повика младите да го следат нивниот пример и да го зачуваат тоа „наследство на светоста“.

Ватикан Вести

Папата на бдение со сто илјади италијански момчиња и девојки

Со Марија, која беше на ваши години кога кажа „да“ на Бога, повторете го вашето „Еве ме“. Папата ова го истакна пред сто илјади млади луѓе собрани на бдение организирано од италијанските бискупи на плоштадот Свети Петар. Папата ги слушаше нивните искуства, се молеше со нив, доверувајќи ѝ ја иднината на Пресвета Богородица и ги поттикна да не се плашат од животот, туку да го даруваат, расветлувајќи ги своите стравови со помош на оние околу нас.

Ватикан Вести

Тезе: Папата упати поздрав до младите учесници на 44 европска средба

Духот Божји не престанува да делува и да ги побудува творците на братството, солидарноста и единството, пишува кардиналот Пиетро Паролин во пораката со која ја изразува близината на Светиот Отец до младите кои учествуваат во изменетиот облик на 44 европската средба на млади во организација на заедницата Тезе.

Вести Македонија

Младите од Радово се приклучија на Синодалниот óд

Во црквата „Свети Пророк Илија“ во Радово, на 30 октомври 2021 се молеше света Бројаница до Марија од Назарет, созаштитничка на парохијата. Молитвата заедно со о. Илија Стојанов ја организираа младите од парохијата.

Ватикан Вести

Папата до младите учесници на Youth 4 Climate: Вие не сте само иднината, туку и сегашност

Папата Фрањо упати порака до младите кои се собрани во Милано на подготвителен семинар за конференцијата Коп26 која ќе се одржи во Глазгов на крајот на октовмри.

Вести Македонија

Сарај: Средба на млади од струмичкиот крај

Во просториите на парохиската куќа во парохијата Свети Димитриј и Падре Пио во Сарај, во четврток 23 септември се одржа Средба на млади, на тема: „Потребна ни е обнова и планирање за време на и пост Ковид 19 – Пандемијата“.

Ватикан Вести

Папата до младите во Словачка: Бидете бестрашни во сонувањето

На третиот ден од пасторалната посета на Словачка во вторникот на 14 септември, папата Фрањо се сретна со младите од Словачка на стадионот Локомотива во Кошице.

Ватикан Вести

Петгодишнина од Дикастеријата за лаици, семејството и заштитата на животот

Со Апостолското писмо во облик Motu Proprio „Sedula Mater“, потпишано од Светиот Отец на 15 август 2016 година, е формирана Дикастеријата за лаици, семејство и заштита на животот.

Ватикан Вести

Папата: Со младите луѓе можеме да го оствариме сонот за братски свет

По повод Меѓународниот ден на младите, Светиот Отец потсетува на значајниот придонес на новите генерации во грижата за другите, а посебно за оние на кои им е најпотребна.