Тезе: Папата упати поздрав до младите учесници на 44 европска средба

Тезе: Папата упати поздрав до младите учесници на 44 европска средба

Духот Божји не престанува да делува и да ги побудува творците на братството, солидарноста и единството, пишува кардиналот Пиетро Паролин во пораката со која ја изразува близината на Светиот Отец до младите кои учествуваат во изменетиот облик на 44 европската средба на млади во организација на заедницата Тезе.

Светиот Отец упати порака до учесниците на 44 европска средба на млади во организација на заедницата Тезе која заради пандемијата е поделена на две средби. Првиот ден од програмата е онлајн од 28 декември до 1 јануари и преку Youtube ќе може меѓу останатото да се следи молитвата и размислувањата пред Торинското платно во катедралата Свети Иван. Во Торино се само неколку браќа од заедницата Тезе, вклучувајќи го приорот брат Алојз. Им се придружија и ограничен број млади од Пиемонт.

Исто така ќе се одржат две онлајн работилници за силодарноста со мигрантите и грижата за заедничкиот дом. Вториот дел ќе се одржи од 7 до 10 јули 2022 година кога младите од цела Европа треба да се соберат во Торино.

Пораката на Папата ја потпишува државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин и ја изразува близината и молитвата на Светиот Отец за сите кои ја следат програмата онлајн.

Во пораката е истакнато дека средбата се одвива во време кога има голем број вознемирености. Многумина се прашуваат: имали нашата планета иднина? Која одговорност треба да ја преземем за да го обезбедиме нејзиното зачувување и да ја направиме земјата погодна за живот?

Додека поларизацијата се зголемува, како можеме, според вашата избрана тема за претстојната година, „да станеме мајстори на единството?“

Наместо да се предадете на обесхрабрувањето и да ги избегнувате овие прашања, се одлучивте да се соочите со нив, заедно да барате, да молете, да Го слушате Словото Божјо за да дозволите да ги расветли најсложените човечки ситуации, стои во пораката.

Кога сме заедно Духот Божји дува на посебен начин, се наведува во пораката во која се присетува на актуелното синодално одење во кое и Католичката црква се обидува себе да се направи подастапно дело на Духот, повикувајќи ги Христовите ученици да откријат колку сме потребни едни на други.

Избравте да не го тргнувате погледот од човечките страдања и огледната итност на времето, туку да гледате на таа реалност со доверба кое ви е дадено да учествувате во решенијата. Иако не недостасуваат причини за вознемиреност, еднаква е вистината дека Духот Божји не претстанува да делува и да побудува творците на братство, солидарност и единство. Отворајќи се за присуството на воскреснатиот Христос и дозовлувајќи му да ги обедини вашите срца се подготвувате за тоа и да станете, стои во пораката на Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот