Папата: Сите сме повикани на светост

Папата: Сите сме повикани на светост

Папата Фрањо во пладневниот наговор кој го одржа на 20 мај 2018 година, на плоштадот Свети Петар повтори дека сите сме повикани на светост.

Светоста не е привилегија за малкумина, туку повик упатен до сите, а Светиот Дух е изворот на светоста – истакна папата Фрањо за време на пладневниот наговор на 20 мај 2018 година, на плоштадот Свети Петар. Напомена дека од Педесетница па сѐ до крајот на времето, таа светост чија полнота е Христос се дава на сите оние кои се отворат за делувањето на Светиот Дух и настојуваат да му бидат послушни. Кога ќе дозволиме Духот да нѐ води, тогаш тргнуваме по патот на светоста кој се состои со живот на начин кој е достоен за Бог и кој ни дава да ја искусиме полнотата на радоста. Светиот Дух е тој кој ја победува сувоста, го отвора срцето за надеж, поттикнува и негува внатрешен раст во односот со Бог и ближниот – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот