Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата: Мирот започнува секој ден на прагот од сопствениот дом

Примајќи ја големата група унгарски ходочесници, папата Фрањо го спомна Апостолското патување во нивната земја, на кое беше пред околу една година. Упати силен апел да бидат мажи и жени на мир по примерот на светците: „Ви благодарам што имате отворено срце за украинските бегалци“.

Ватикан Вести

Папата до Kатоличка акција: Ширeте ја „културата на прегратки“

Шеесет илјади членови на црковнoто движење Kатоличка акција го пречекаа папата Фрањо на плоштадот Свети Петар по повод средбата наречена „Раширени раце“:многу прегратки, пропуштени и причина за бројни конфликти се „во овие денови пред наши очи“ оние кои спасуваат и оние кои го менуваат животот

Ватикан Вести

Папата: Договорениот мир е подобар од бескрајна војна

Во интервју за CBS, папата Фрањо повика на крај на војните во Украина, Газа и во целиот свет. Потсетува дека во Црквата има место за сите: ако парохот не ви изгледа гостопримлив – рече – барајте друго место, секогаш има место, не бегајте од Црквата, таа е голема.

Ватикан Вести

Папата: Палестина и Израел да бидат две слободни држави и во добри односи

На крајот од Генералната аудиенција, Папата уште еднаш повика за мир на Блискиот Исток, Украина и Мјанмар и потсети дека војната е пораз во кој најмногу добиваат производителите на оружје.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Верата, надежта и љубовта се христијански противотров за самодоволност

Во катехезата на Генералната аудиенција во среда 24 арпил 2024 година, папата Фрањо зборуваше за три теолошки крепости, фундаментални ставови кои го карактеризираат животот на Исусовите ученици: „Христијанинот никогаш не е сам“, потребно е „да се ослободиме од тоа понекогаш незгодно присуство, наше его”

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Пиј VII, човек на единство и љубов дури и во време на борби и поделеност

Папата Фрањо се сретна со ходочесниците од бискупиите Чезена-Сарсина, Тиволи, Савона-Ноли и Имола по повод 200-годишнината од смртта на папата Кјарамонти, кој беше затворен речиси три години во времето на Наполеон. Споменот на овој Божји слуга, рече Папата, нè потсетува на љубовта кон вистината, на единството, дијалогот, вниманието кон последните, на простувањето, упорната потрага по мир и евангелското лукавство што ни го препорачува Господ.

Ватикан Вести

Папата: Да ја вратиме насмевката на децата кои страдаат од војни

Охрабрете ги да бидат извор на надеж во свет обезличен од војна, рамнодушност и отфрлање на слабите. Папата ја упати оваа порака до учесниците на Генералното собрание на Браќа на христијанското образование од Плоермел, кои ги прими во аудеинција на 22 април 2024 година: бидете семејство, избегнувајте озборувања

Ватикан Вести

Папата: Христијаните сведоци на единството во светот ранет од поделби

Папата Фрањо упати порака до учесниците на 4. Светски конгрес на Глобалниот христијански форум, чиј домаќин од 18 до 20 април беше главниот град на Гана, Акра.

Ватикан Вести

Папата се сретна со семинаристите од Севиља

Папата Фрањо, примајќи ги семинаристите од Севиља во аудиенција на 20 април, им се обрати со пригоден говор што беше објавен во изданието на весникот „L`Osservatore Romano“ од 20 април 2024 година Подолу е преводот на говорот на Папата.

Ватикан Вести

Царице небесна: Нашата вредност не зависи од успехот, туку од убавината во Божјите очи

Во неделата, која е посветена на Исус Добриот Пастир, во пладневното обраќање во недела 21 април 2024 година пред молитвата Царице небесна, папата Фрањо размислуваше за тоа што значи да се даде животот за своите овци. Папата инсистира на фактот дека секој е незаменлив за Христа и дека тоа не е само фраза. Колку пати се откажуваме од сè поради мали нешта, забележа тој, повикувајќи да се ставиме во присуство на Исус и да дозволиме Тој да нè прифати и