Светиот Отец за незаменливиот придонес на жените во градењето на заедничкиот дом

Светиот Отец за незаменливиот придонес на жените во градењето на заедничкиот дом

Папата Фрањо упати порака до учесниците на Женскиот форум Г20 во Италија (“Women’s Forum G20 Italy”), која во негово име ја прочита државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин.

Говорејќи во видео порака, кардиналот Паролин се осврна на пандемијата која многумина стави во тешка ситуација.

На нашиот свет му треба соработката од жените, нивното водство и вештините, како и нивната интуиција и посветеност. Папата Фрањо не ретко го истакнува незаменливиот придонес на жените во градењето на светот кој може да биде заеднички дом, рече кардиналот Паролин. Среде денешните глобални општествени, економски и климатски предизвици, жените исто така можат многу да помогнат во несебичноста посебно потребна во напорите за грижата за заедничкиот дом и борбата против уништувачката логика на непосредна исплатливост.

Солидарноста и меѓусебната соработка на жените и мажите се клучни за општеството. Со своите посебни специфичности, сите се повикани да го прифатат повикот да бидат активни градители на општеството. Како што рече Папскиот државен секретар во видео пораката, тоа ќе може во некои погледи да бара промена на парадигмите кои мора да бидат водени од обновеното чувство за човештвото и достоинството кое го карактеризира секое човечко битие.

Кардиналот Паролин на крајот од пораката во име на Светиот Отец го повтори повикот секоја девојка и млада жена во сите земји да имаат пристап до квалитетно образование.

Женскиот форум Г20 во Италија има како цел да ја подигне свеста за клучната улога на жената и позитивното влијание во напорите за опоравување кое е за благосостојба на сите. Се одржа во Милано од 17 до 19 октомври.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот