Епископите во Полска прогласија Ден на солидарност со жртвите од поплавите во Европа

Епископите во Полска прогласија Ден на солидарност со жртвите од поплавите во Европа

Епископската конференција на Полска го прогласи 25 јули за Ден на солидарноста со жртвите од разорните поплави во Европа.

Освен во Полска, обилни дождови и поплави овие денови ги погодија Германија, Белгија, Луксембург и Холандија и се регистрирани нешто повеќе од 150 човечки жртви.

Претседателот на Епископската конференција на Полска надбискупот Станислав Гадецки ја најави иницијативата во пораката која во црквите во Полска е прочитана во неделата на 18 јули. Истакнато е дека во последните денови сведочиме многу човечки драми предизвикани од насилни бури и поплави како во Полска, така и во Германија, Белгија и Холандија. Многу семејства останаа без имотот, а медиумите известуваат за смртни случаи и исчезнати, посебно во Германија.

Надбискупот Гадецки нагласи дека Црквата во Полска сака да ја изрази својата близина со жртвите со молитва и покора. „Да Го молиме Господ да влее надеж на оние кои стрдаат и за дух на солидарност, грижа и соодговрност на сите луѓе со добра волја кои можат да помогнат“, порача претседателот на Епископската конференција на Полска, со молба во недела на 25 јули за време на светата Литургија посебно да се моли за жртвите и да се собираат средства кои ќе ги подели Каритас Полска.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот