Папата: Евхаристијата е противотров за рамнодушноста, ароганцијата и алчноста за заработка

Папата: Евхаристијата е противотров за рамнодушноста, ароганцијата и алчноста за заработка

Во неделата Папата го прослави празникот на Телото и Крвта Христови во римската населба Касал Бертоне

По втор пат папата Фрањо ја избра периферијата за славење на празникот Пресвето Тело и Крв Христови, кој во Италија обично се слави во недела. Минатата година беше во парохијата „Света Моника“ во Остија, а во недела 23 јуни 2019 година славеше света Литургија со процесија со Светата Евхаристија во црквата „Света Марија Утешителка“ во римската населба Касал Бертоне. Славењето за сите беше знак на Божјата присутност. Во првите редови беа децата и старите, а потоа останатите. Се гледаше љубовта која во градот зрачеше од Евхаристијата, кој често е рануван од пропаѓање и напуштање.

Тоа беше училиште за благослов „средство кое е способно да го пренесе Божјиот менталитет“. Така папата Фрањо го опиша Телото Христово „леб во кој е содржана целата Црква“. Но за него Евхаристијата е и противотров за злото, презирот, горделивоста, рамнодишноста и против секоја вид на став кој вели: жал мие, но тоа не се однесува на мене, немам време, не можам, тоа не е моја работа. Во проповедта се концентрираше на два глагола, кои произлегуваат од Литургијата за тој празник: Кажи и дади.

Мелхиседек во првото читање го благословува Аврааам, преку кој ќе бидат благословени сите семејства на земјата. Во Евангелието Исус пред да ги умножи петте лебови, ги благословува, претворувајќи ги во храна за мноштвото– рече Светиот Отец и продолжи: И ние сме благословени на денот на Крштението, на секоја света Литургија и секогаш кога примаме убави зборови. Зошто да се благословува? Затоа што тоа значи зборот да се преобрази во дар. Тоа не значи да се изговараат зборови, туку да се каже добро и со љубов.

Поттикнувајќи ги пастирите и свештениците секогаш да се потсетуваат да го благословуваат народот кој Бог им го доверил, папата Фрањо рече дека само ако сме благословени можеме другите да ги благословуваме со истото помазание на љубов. Меѓутоа, жално е да се види колку лесно денес се проколнува, презира и навредува. Опфатени со преголем бес не се воздржуваме, туку на секој и на сѐ ја излеваме лутината. Често пати, оној кој повеќе и посилно вика, и колку повеќе е лут, изгледа дека има право и наидува на одобрение. Ние го јадеме лебот, кој во себе содржи сласт, не смееме да дозволиме да нѐ загади ароганцијата или да нѐ опфати горчина.

Божјиот народ сака пофалби, не живее од тажалки; создаден е за благослов, не за жалопојки, затоа е важно да се преобрне таа навика, учејќи да се благословува она што го имаме, а не да го проколнуваме своето минато: да зборуваме со убави зборови од кои произлегува изобилство добрина – рече Папата и продолжи: После глаголот кажи, следува дади. Тоа е основа за економијата на евангелието. Имено лебот, кој Исус го умножи како би го нахранил мноштвото, не е само потрошувачки производ, туку средство за делење и чудото кое Исус го направи; не е магија, туку доверба во Бог и во Неговата Провидност.

Светот секогаш се обидува да го зголеми профитот и прометот. Но која е целта на сето тоа: Дали целта е да се дава или да се има? Меѓусебно да се дели или да се собира?- праша Светиот Отец и одговори: Економијата на евангелието умножува со делење, не се задоволува со алчноста на неколкумина, туку на светот му дава живот. Исус не го користи глаголот „да се има“, туку „да се дава“. Затоа и учениците постапуваат поинаку, Исус им заповеда: „Дајте им вие да јадат“. Во христијанската логика она што го имаме, малку или многу, донесува плод само ако се дарува.

Господ прави големи работи со она малку што го имаме како и со петте лебови – рече папата Фрањо и напомена: Не прави со чудата спектакуларни дела, туку понизни работи, прекршувајќи го лебот со своите раце, давајќи го и делејќи го. Божјата семоќ е понизна и создадена само од љубов. Љубовта со помош на мали работи создава големи работи. Евхаристија нѐ учи на тоа, во неа Бог е содржан, во парче леб. Едноставно, но важно, лебот кој е прекршен, се дели. Евхаристијата која ја примаме ни го пренесува Божјиот менталитет и нѐ води да се даваме за другите. Таа е противотров на „жал ми е, не ме интересира“ и на „немам време, не можам, не е моја работа“.

Секој е повикан да се вклучи; да се храни со Телото и Крвта кои се даруваат во Евхаристијата – рече Папата и истакна: Повикани сме да се дарува своето време, започнувајќи од својот град, кој е гладен за љубов и грижи, затоа што трпи пропаѓање и напуштање, како љубовта Христова би допреле до улиците на сите населби.

Пред многубројните осамени стари лица, семејства со проблеми и млади кои се борат како би заработиле за леб и би ги оствариле своите соништа, Господ вели: Дајте им вие да јадат“ И вие можете да одговорите: „Имам малку и не сум во можност“. Но тоа не е вистина, вашето малку е многу во Исусовите очи, ако не го задржите за себе и ако го ставите во игра. Господ доаѓа на нашите патишта, како би зборувал добро за нас и како би ни дарувал храброст. Од нас бара да бидеме благослов и дар – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот