Папата Фрањо до лекарите и стоматолозите: Почитувајте го човечкиот живот и неговата светост

Папата Фрањо до лекарите и стоматолозите: Почитувајте го човечкиот живот и неговата светост

Папата Фрањо на 20 Септември прими во аудиенција 350 членови на Италијанскиот сојуз на здруженија на лекари и стоматолози и истакна дека евтаназијата и помогнатото самоубиство не се одлуки поврзани со слободата на болните, туку како би се „отфрлил“ оној кој трпи или поради лажна сомилост кон личноста која сака да умре.

Може и не мора, да се одбие искушението дека медицината се искористува за да се задоволи желбата за смрт на некој болен, давајќи му помош за самоубиство и предизвикувајќи смрт со евтаназија. Со тие зборови папата Фрањо повторно, пред околу 350 италијански лекари и стоматолози, кои ги прими во аудиенција, го истакна ставот на Црквата која се спротивставува на евтаназијата и помогнатото самоубиство. Притоа го спомена и новиот Статут на здравствените работници, кој во февруари 2017 година го објави Папскиот совет за здравствен пасторал, кој истакнува дека не постои право на самоволно располагање со сопствениот живот, па поради тоа лекарот не може да биде извршен тутор на непостоечко право.

Да се понуди професионалност, меѓутоа и човечки однос

Поздравувајќи ги претставниците на италијанскиот Национален сојуз на здруженија на лекари и стоматолози, Папата потсети на разговорите кои во тоа тело се водат три години, за тоа како најдобро да се извршува лекарската професија во длабоко променетиот општествен контекст, за да се сфатат потребите на луѓето, па освен стручни способности, да им се понуди и добар човечки однос.

Медицината во служба на секој човек во неговата целовитост

Медицината, по дефиниција, е служење на човечкиот живот – истакна папата Фрањо – затоа е незаобиколно сфаќањето на личноста во нејзината духовна и материјална целовитост, во нејзината индивидуална и општествена димензија. Медицината е во служба на човекот, целиот човек, секој човек. А вие, лекарите, уверени во таа вистина сте на трага на многу долга традиција која потекнува од Хипократовата интуиција; всушност од тоа уверение произлегува вашата оправдана загриженост поради опасностите на кои е изложена денешната медицина.

Болниот е личност која заболела, а не медицински случај

Болеста е повеќе од медицински случај – забележа Папата па потоа истакна: Таа е секогаш состојба на некоја личност, болен, а лекарите кон тој пациент треба да се однесуваат од целосно човечка гледна точка. Значи, тие треба да ја земат во обзир особеноста на болниот, а не само болеста од која боледува. Станува збор за тоа дека лекарите, покрај должната техничко-професионална стручност, треба да поседуваат кодекс на вредности и знаења кои треба да дадат смисла на болеста и својата работа, па од секој поединечен медицински случај да направат човечка средба.

„Не“ на лажната сомилост кон оние кои сакаат да умрат

Поради тоа, во однос на било каква промена во медицината и во општеството, важно е лекарот да не ја изгуби од видик особеноста на секој болен, со неговото достоинство и неговата слабост. Лекарот треба да ги гледа мажот или жената кои треба да ги прати совесно, разумно и со срце, посебно во најтешките моменти. Со таквото однесување може и мора, да се отфрли секоја напаст – поттикната исто така со законските промени – дека медицината треба да се користи како би се задоволила евентуалната желба на болниот да умре, нудејќи помош за самоубиство, или предизвикувајќи директно смрт со евтаназија.

Имено, станува збор за тоа, кратките постапки во однос на одлуките кои би можеле да изгледаат како израз на лажна слобода на личноста, кога се вклучува можноста за отфрлување на болниот, или за лажната сомилост пред барањето на личноста за помош што побргу да умре – забележа Папата па го спомена 169. член на Новиот статут на здравствените работници од 2017 година, во кој стои дека не постои право на самоволно располагање со сопствениот живот, па затоа ниеден лекар не може да биде извршен тутор на непостоечко право.

Папата Војтила – лекар за светост на човечкиот живот

На крај папата Фрањо потсети на енцикликата ‘Evangelium vitae’ на светиот папа Иван Павле II., во која напомена дека одговорноста на здравствените работници денес многу се зголемила, па своите најдлабоки вдахновенија и најсилна подршка ја пронаоѓа токму во важната и незаобиколна етичка димензија на здравственото занимање, токму онака како тоа го истакнува Хипократовата заклетва спрема која од секој лекар се бара да се заземе за потполно почитување на човечкиот живот и неговата светост – потсети папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк./С.С.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот