Црквата во Никарагва и понатаму се прогонува

Црквата во Никарагва и понатаму се прогонува

Монс. Карлос Авилес Кантон генерален викар на надбискупијата Манагва и советник во Комисијата за национален дијалог: Црквата и понатаму се прогонува, но свештениците се молат за своите прогонувачи. Власта применува силна репресија, но насилството ги обединува луѓето.

Вo Никарагва повторно како што се случувало во 1980 година се прогонува Црквата и свештениците. Сега не станува збор за војна, но владата како и тогаш настојува да ја инструментализира Црквата. Напротив свештениците се молат за оние кои ги прогонуваат, не заборавајќи да ја барат вистината и праведноста – истакна монс. Карлос Авилес Кантон, генерален викар на надбискупијата Манагва и советник во Комисијата за национален дијалог во разговор за телевизискиот канал на Епископската конференција на Никарагва „Canal Católico de Nicaragua“.

Црквата не поттикнува на насилство – изјави монс. Авилес Кантон. И не сокрива оружје, како што смета претседателот Ортега. Тoa се клевети. Црквата во Никарагва им помага на оние на кои им е потребна заштита. И предупредува на некои приоритети за да се запре кризата која ја погоди Никарагва, а меѓу нив е прекинот на секакво насилство и разоружување на паравоените групи. Но мировниот процес се запре затоа што владата не покажува волја да тргне по тој пат – рече монс. Авилес Кантон. (…)

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот