Завршна порака од заседанието на ССЕЕ: Исус Христос е вистинската надеж за Европа

Завршна порака од заседанието на ССЕЕ: Исус Христос е вистинската надеж за Европа

Учесниците на пленарното заседавање на Советот на европските епископски конференции (ССЕЕ) ја одобрија на 25 септември завршната порака во која се истакнува важноста за заедничкото одење во соочувањето со големиот број современи предизвици.

Нашето послание нѐ поттикнува на заедничко чекорење кон иднината на континентот, која се раѓа од убавината и цивилизацијата, добрината која е зацврстена во срцата, од традициите, јазиците: во суштина, во чувството на припадност, во една душа. Тоа го потсетија во завршната порака претседателите на европските епископски конференции кои од 23 до 26 септември имаа пленарно заседавање во Рим.

Предизвиците на времето, како што се потешкотиите во дијалогот, недовербата во средбата со другите и доминантната материјалистичка култура ја притискаат христијанската вера и религија и човечката цивилизација генерално, пишуваат епископите. Не смееме да се плашиме, туку мора да бидеме обединети, а ние како пастири и граѓани, чекориме заедно со вас, поединци, семејства, народи, нации, за да бидеме слуги на вашата радост.

Исус Христос е вистинската надеж за Европа, нагласуваат епископите затоа што Он е вистина, а само нас вистината нѐ ослободува. Присетувајќи се на повикот на Папата да тргнат на синодално одење, изразија желба за слушање на европските народи.

Никој не се плаши од Исусовото Евангелие: тоа ни зборува за човекот и Бог, го гарантира човековото достоинство, нѐ потсетува дека никој не е сам и не смее да биде сам, дека посебен поглед мора да впериме на оние најслабите. Сетете се дека не постои слобода без другиот, а ниту напредок, затоа што секој е за благосостојба на секому – лицата, семејствата и државите. Заедно, завршувајќи, можеме подобро да видиме и понизно да чекориме кон хоризонтите на светлината и мирот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет
Ознаки ССЕЕ

За авторот