Бискупот Стојанов присуствуваше на прогласување на Кирил Лешочки за светител

Бискупот Стојанов присуствуваше на прогласување на Кирил Лешочки за светител

Во недела 16 октомври 2022 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов, придружуван од отец протојереј ставрофор Зоран И. Стојанов,  присуствуваше на светата Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“, по повод прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки. Со светата Литургија чиноначелствуваше Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА)  г.г Стефан во сослужение со архиереите на Светиот Архерејски Синод (САС).

Светиот Архирејски Синод на МПЦ на вонредна седница 10 мај 2022 година разгледувајќи го предлогот за канонизација за канонизирање во светител во лицето на преподобниот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки врз основа на Уставот на МПЦ внимателно проучувајќи го животниот пат и пастирскиот подвиг како и чудата што се случуваат по неговите молитиви и непрестаното почитување од народот донесе одлука со која Преподбниот го вбројува во редот на светиите. Датум за негова прослава Синодот го определува 25 март по нов стил.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот