Папата моли да се врати мирот во Донбас

Папата моли да се врати мирот во Донбас

По завршувањето на молитвата Ангел Господов на 26 јули 2020 година на плоштадот Свети Петар во Ватикан папата Фрањо истакна дека се моли за враќање на мирот во Донбас.

Дознав дека членовите на Трилатералната контакт група неодамна во Минск донесе одлука за стапување на сила новиот прекин на огнот, кој се однесува на подрачјето Донбас. Додека се заблагодарувам на овој знак за добра волја кој има за цел повторно да се врати многу посакуваниот мир во тие напатени краеви, се молам она што е договорено конечно да се спроведе на дело, исто така со ефикасен процес на разоружување и деминирање. Тоа е единствениот начин да повторно да се воспостави довербата и да се постават темели за многу потребното и од тамошното население долго посакуваното помирување.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот