Папата Фрањо: Египет знак на надеж во минатото и сегашноста

Папата Фрањо: Египет знак на надеж во минатото и сегашноста

Мирот се изградува со образование и мудра формација за хуманизам, која религиозната димензија и односот со Бог го сфаќа како свој составен дел – рече папата Фрањо за катехезата за време на Генералната аудиенција на 3 мај  2017 година одржана на плоштадот Свети Петар, зборувајќи за својата неодамнешна посета на Египет.

Светиот Отец истакна дека неговата посета на универзитетот Ал Азхар има двојна цел: Дијалогот помеѓу христијаните и муслиманите и во исто време промовирање на мир во светот. Осврнувајќи се потоа наговорот кој во таа прилика го одржа во Египет рече:

„Во својот говор, Египет го нареков „земја на цивилизацијата“ и „земја на сојузот“. За целото човештво Египет е синоним за античка цивилизација, уметнички богатства и знаења, а тоа денес нѐ потсетува дека мирот се изградува со образование и мудра формација за хуманизам, која религиозната димензија и односот со Бог го сфаќа како свој составен дел – како што потсети и Големиот имам во својот говор“.

Мирот исто така се изградува и започнува од сојузот помеѓу Бог и човекот, кој се темели на сојузот меѓу сите луѓе, а кои се потпираат на Декалогот запишан на синајските плочи, но и многу подлабоко, тој е врежан во срцето на секој човек; без разлика на времето и поднебјето во кое живее. Тоа е закон кој може да се сведи на двете заповеди на љубовта: љубов кон Бог и љубов кон ближниот – рече Папата.

Тој ист темел важи и како темел за изградба на општествениот и граѓанскиот ред – на што се повикани да учествуваат сите граѓани – без разлика на нивното потекло, култура или религија. Поради своето историско и религиозно наследство, како и улогата која ја има на Блискиот Исток, Египет има задача да чекори кон стабилен и траен мир; мир кој не се темели на правото на сила, туку на силата на правото – рече папата Фрањо.

Христијаните во Египет, како и во секоја друга земја, се повикани да бидат квасец на братството, а тоа е можно само ако самите сакаат единство со Христос. Силен знак на заедништво, благодарам на Бог, можевме заедно да дадеме со мојот брат Тавардос II. Ја обновивме ангажираноста, дури потпишавме и заедничка декларација, дека заедно ќе одиме и ќе се ангажираме за да не се повторува Крштението, кое е веќе дадено во нашите Цркви.

Заедно молевме за мачениците од последните атентати кои трагично ја погодија оваа чесна Црква; нивната смрт ја оплоди оваа екуменска средба, на која присуствуваше и цариградскиот патријарх Вартоломеј, екуменски патријарх и мој сакан брат – рече Светиот Отец.

Потоа Светиот Отец истакна дека славењето на Литургијата на стадионот беше вистинска прослава на верата и братството, при што се почувствува живата присутност на Воскреснатиот. Коментирајќи го евангелието ја поттикнав малата католичка заедница во Египет повторно да го оживее искуството на учениците од Емаус: во Христос – Словото и Лебот на живот – секогаш да наоѓаат радост на верата, горлива надеж и сила за сведочење преку љубов, бидејќи го сретнаа Господ – рече папата Фрањо.

Последната средба, онаа со свештениците, монасите и монахињите, со богословите – а ги има многу – и тоа е една утеха, беше Литургија на словото. Во таа заедница мажите и жените кои одбраа да го предадат животот на Христос, заради царството Божјо, ја видов убавината на египетската Црква и молев за сите христијани на Блискиот Исток, водени од своите пастири и придружувани од посветените лица, да бидат сол и светло меѓу тамошните народи.

Истакнувајќи дека Египет бил „знак на надеж, прибежиште и помош“, ги спомена библиските настани кога во земјата на Јаков владееше глад, па тој со своите синови се упати во Египет, каде од Ирод исто така побегна и самиот Исус. Поради тоа говорот за ова патување е на иста линија со говорот за надеж: за нас Египет е знак на надеж за ова братство, за кое зборувам – рече Светиот Отец.

 РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот