Папата: Мора енергично да се бориме против корупцијата за закрепнување по пандемијата

Папата: Мора енергично да се бориме против корупцијата за закрепнување по пандемијата

По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, папата Фрањо потсети на потребата од подобрување на здравјето на општеството за надминување на последиците од пандемијата.

„Гаранција за цврст и траен развој во овој период на закрепнување нема да биде стремежот за враќање на изгубеното, туку напорите за промовирање закрепнување на општеството, особено преку одлучна борба против корупцијата #AnticorruptionDay

Ова го нагласи папата Фрањо во својата Твитер порака посветена на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, кој се одбележува на 9 декември под покровителство на Обединетите нации.

Овие зборови Светиот Отец ги кажа пред една недела на средбата на 2 декември 2021 година со претставници на властите и граѓанското општество во Кипар. Привлекувајќи внимание на тешкотиите и проблемите во земјата, тој ја спомена пандемијата, која спречи многу туристи да го посетат островот, што ги влоши, како и секаде, последиците од економската и финансиската криза. Сепак, Папата истакна дека обновата треба да биде насочена не толку кон враќање на изгубеното, туку кон заживување на општеството, кое, меѓу другото, вклучува решителна борба против корупцијата и другите општествени зла кои го поткопуваат човечкото достоинство.

За одржлив и долгорочен развој

Фактот дека огромната сума на пари наменета за борба против пандемијата Ковид-19 привлече криминални структури во денешно време, заканувајќи се да ги остави без потребната помош оние на кои најмногу им е потребна финансиска поддршка. Треба да бидеме искрени и да признаеме дека корупцијата се јавува во различен степен во секое општество, бидејќи само со признавање на постоењето на оваа катастрофа ќе биде можно да се надмине. Затоа кога има недостаток на транспарентност и отчетност, тоа го поткопува одржливиот и траен економски развој и безбедност, па дури и ги уништува. Против корупцијата мора да се бориме и преку културата, образованието и граѓанското учество, имајќи предвид дека законите се неопходни, но не и доволни.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот