Папата Лав XIV беше отпуштен од болницата „Џемели“ и се врати во папските апартмани во Државата Ватикан, од каде што во недела ќе ја предводи пладневната молитва „Ангел Господов“.
Папата Лав XIV во сабота попладне, 17 октомври 2026 година, беше отпуштен од римската болница „Агостино Џемели“, по операцијата на белите дробови извршена во вторникот.
Веста дека папата Лав ќе биде отпуштен од болницата беше соопштена во саботата наутро од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Во соопштението, лекарите на Папата наведоа дека неговата здравствена состојба овозможува да биде отпуштен од болницата „Џемели“.
Д-р Луиџи Карбоне и професор Стефано Маргаритора соопштија дека Папата утрото направил крвни анализи и рендгенска снимка на градниот кош, кои потврдиле дека неговата клиничка состојба му дозволува да ја напушти болницата.
Во посебно соопштение, Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави и дека во недела папата Лав ќе ја предводи пладневната молитва „Ангел Господов“ од прозорецот на Апостолската палата.
Пред да се врати во Ватикан, Папата служеше света Литургија во просторијата наменета за таа цел на десеттиот кат од болницата „Џемели“.
Ватикан њуз/к.мк

