Папата Лав XIV го прими претседателот на Република Перу

Папата Лав XIV го прими претседателот на Република Перу

Папата Лав XIV во четврток во Ватикан го прими претседателот на Република Перу, г. Хозе Марија Балказар Зелада.

Папата Лав XIV во четврток 19 јуни 2026 година во Ватикан се сретна со претседателот на Република Перу, Хозе Марија Балказар Зелада.

По средбата со Светиот Отец, претседателот разговараше и со ватиканскиот државен секретар, кардиналот Пјетро Паролин, како и со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации, во Државниот секретаријат.

Според соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, разговорите во Државниот секретаријат поминале во срдечна атмосфера. Било изразено задоволство од добрите односи меѓу Светиот Престол и Перу, како и заедничка желба тие дополнително да се зајакнат.

Теми од заеднички интерес

Во разговорите било посветено внимание на прашања од заеднички интерес, меѓу кои социо-економските состојби, нелегалното рударство, промоцијата на општото добро и дијалогот, како и посветеноста на социјалната кохезија.

На крајот, во соопштението се наведува дека била разменета мислења и за регионалната и меѓународната социо-политичка состојба.

Посебно внимание било посветено на феноменот на миграцијата, организираниот криминал и последиците од конфликтите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот