Свети 40 маченици во Севастија

Свети 40 маченици во Севастија

Според римската Мартирологија, во близина на Севастија, во античка Ерменија, денешен Сивас, Турција, светите четириесет светци од Кападокија, кои биле другари не по крв, туку по вера и по послушност на волјата на небесниот Отец, за време на императорот Ликиниј, откако претрпеа тешки маки во затворот, за време на суровата зима биле принудени ноќе на отворено да останат голи врз смрзнато езерце, и со скршени нозе, на тој начин до целта го донеле нивното мачеништво.

Настанот за 40-те маченици од Севастија во Ерменија, до нас е стигната преку литературни извори, кои иако не се од ист период и пред сѐ затоа што се проповеди и записи од усни преданија, не недостасуваат несигурности, иако се стари и изобилни.

Овде се цитираат само имињата на авторите од проповедите кои се однесуваат на 40-те маченици, изговорени речиси сите по повод нивниот празник, кои сите историски Мартирологии, латинските и грчките, го претставуваат на 9 март (22 март според јулијанскиот календар): свети Василиј Велики, свети Грегориј Ниски, свети Гавденциј од Бреша, свети Ефрем, свети Григориј од Тур, Созомен.

Единствениот современ документ кој е стигнат до нас е „Тестаментот“ напишан од самите маченици во затворот пред да биде извршена нивната тортура; иако искрен, но не дава многу придонес за историската реконструкција на настанот.

На било кој начин од собраните различни извори со веродостојните факти, може да се обележи славниот настан; во 320 година за време на прогонувањето од страна на Ликиниј Валериј (250 – 325) римски император, четириесет војници од различни места од Кападокија, кои сите припаѓале на XII „брза“ Легија, биле уапсени затоа што биле христијани.

Им било предложено или да се откажат или да пострадаат во смрт, според царските декрети, но сите еднодушно останале цврсти во христијанската вера; и затоа биле осудени да бидат изложени голи и во ладната зима смрзнувајќи да умрат.

Додека биле во затворот чекајќи да се изврши казната, преку еден од нив напишаа „Тестамент“, каде барале да бидаат погребани сите заедно во Сареим, едно село идентификувано со денешниот Кирклар во Мала Азија, чие име значи токму ‘Четириесет’, молејќи ги христијаните да не се загубаат нивните мошти, исто така напишале дека младиот слуга Евноик, ако би бил поштеден од смртта, да може да биде ослободен и да биде поставен како чувар на нивниот гроб; и на крај после зборовите упатени до браќата христијани, ги поздравувале роднините и пријателите, на крај пишувајќи ги нивните имиња.

Особени детали во воспоставувањето на местото на гробот, препораката да се задржи гробот и моштите, сместени се во длабоките чувства на првите христијани, кои скришум и тајно им давале култ, на моштите на мачениците, извор на храброста, сила и пример за да се соочат со смртта, толку блиска за сите кои ја исповедале новата христијанска религија.

Мачеништвото се извршило на 9 март, во дворот во близина на бањите во Севастија во Ерменија (денешен Сивас во Турција), врз едно замрзнато езерце; на оваа место било подготвено и топло езерце за оние кои би сакале да се откажат од нивната одлука.

За време на извршувањето на казната, еден од осудените Мелетиј, оној кој лично го напишал ‘Тестаментот’, не ја издржал тортурата и побарал да оди во топлата бања, но преголемата разлика на температурите кај него предизвикала моментална смрт.

Неговото место веднаш било преземено од чуварот на бањите, импресиониран од нивната вера и од нивната визија; се соблекол и извикувајќи дека е христијанин, се придружил на другите составувајќи го бројот на мачениците до 40, а неговото име е Евтихиј или Аглај според некои извори.

Кога сите починале, нивните тела биле однесени надвор од градот и изгорени а пепелта била расфрлена во блиската река. И покрај овој гест на непочитување на мачениците, делови од моштите очигледно можело да бидат собрани и да бидат почитувани потоа во различни цркви, кои во подоцнежните векови биле однесени исто така и во Бреша, во Палестина, во Костантинопол, во Кападокија.

Нивните имиња се: Ециј, Евтихиј, Кирион, Теофил, Сисиниј, Смарагд, Кандид, Агија, Гај, Кудион, Ираклиј, Иван, Филотемон, Горгониј, Кирил, Северијан, Теодул, Никал, Флавиј, Ксантиј, Валериј, Исихиј, Евноик, Домицијан, Домно, Елијан, Леонтиј наречен Теоктист, Валент, Акакиј, Александар, Викрациј наречен Вибијан, Приск, Свештеник, Екдикиј, Атанасиј, Лисимах, Клавдиј, Ил, Мелетиј и веќе цитираниот Евтихиј или Аглај. Младиот христијански слуга чие име Евноик било присутно на листата, очигледно не бил поштеден.

Светци и Блажени/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот