Бискупот Стојанов служеше Божиќа Миса во Скопската катедрала

Бискупот Стојанов служеше Божиќа Миса во Скопската катедрала

Во понеделник, 24 декември 2018 година свечената полноќна света Миса, во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје ја предовдеше Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов во заедништво со свештенство од Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија.

Катедралата беше полна со мноштво верници, а на свеченоста присуствуваше и претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов со сопругата Маја Иванова, како и премиер на Република Македонија Зоран Заев со сопругата Зорица Заева, заменик претседателот на Владата и министер за одбрана Радмила Шекеринска, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, заменик градоначалникот на градот Скопје Енвер Малиќи, претседателот на политичката партија ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, деканот на Православниот богословски факултет Ѓоко Ѓорѓевски, претставници на културниот и академскиот живот како и претставници на Македонската православна црква и дипломатскиот кор.

Бискупот Стојанов во својата пригодна проповед, потсетувајќи на витлеемскиот настан истакна:Браќа и сестри, а сега да се разбудиме од овој романтичен поглед на сцената и да се запрашаме: што ќе се случи, ако Исус денес се роди? За жал не се осудувам да го предочам тој настан, бидејќи тешко нам, детето денес во голема мера е непосакувано суштество кое тропа на вратата, на срцето на својата мајка и татко и не добива за право да биде родено. (…) Зарем и денес не се наоѓаме во заспиениот и мрачен Витлеем? Зарем, ако некое семејство, како светото Семејство, тропна на нашите врати, ќе му ја отвориме вратата? Или во себе ќе си помислеме, а не дај Боже, и гласно да изговориме: Токму сега најдовте да ни го расипете божиќното расположение.

Честитајќи го празникот Рождество Христово бискупот Стојанов истакна: „Ја посакувам едноставноста на пастирите, верата на светото Семејството, да го прифатиме Христос Спасителот и ширум да ги отвориме своите срца кон проблемите на денешницата во кои малите молат и имаат право на живот.

На крајот од својата проповед бискупот Стојанов потсети на големиот настан кој ќе се случи во месец мај наредната година при што истакна: „Најголемиот божиќен дар што ни го обзнани Светиот Отец папа Франциск, дека на 7 мај следната година ни доаѓа во пасторална посета на нашата Татковина. Молејќи пред Новородениот Цар, посакувам оваа посета да ни донесе неизмерен мир и благосов! Среќен Божик! Мир Божји – Христос се роди!“

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот