Маријаполи 2022

Маријаполи 2022

Од 1 до 3 јули 2022 година на Пониква се одржа годишнaта летна средба, т.н. Маријаполи, во организација на Марииното Дело или Движењето на Фоколарите, со тема „На пат кон Бога, сите заедно“.

Програмата започна со кратко размислување на основоположничката на Движењето, Кјара Лубик, која ги воведе присутните во суштината на средбата, фокусирана на три точки: односот кон Бога, односот кон ближниот во и кон природата.

„Човечкиот живот се заснова на три тесно поврзани и испреплетени односи: со Бога, со ближниот и со земјата. Поврзаноста и меѓусебното испреплетување на овие три врски предупредува дека прекршувањето на едната истовремено значи и прекршување на другите две“. Делови од енцикликата на папата Фрањо: „Фален биди: Грижа за заедничкиот дом“ послужи како инспирација за еколошката прошетка придружена со конкретна акција за собирање на пластика и останатиот отпад.

Особено длабоки и убави беа моментите на светата Миса, во која фра Марио Цифрак, секојдневно инспиративно ги доближуваше на учесниците зборовите од Евангелието, повикувајќи ги сите последниот ден од средбата, мирот и заедништвото што ги доживеаја да им ги носат на сите оние што ќе ги сретнат во своето секојдневие.

Средбите од овој вид се посебни и по тоа што на нив учествуваат луѓе од сите возрасти: повозрасни, семејства, млади, деца. Токму овие последните беа протагонисти на различни делови од програмата: песни, игри во кои учествуваа сите бидејќи, како што беше речено во работилницата за семејства, „заедницата е таа што воспитува и во неа децата мора да најдат соодветна атмосфера во која се чувствуваат слободни и прифатени“.

На средбата имаше луѓе од различни вери, што дополнително го збогати единството во различностите. А потоа  тие кои дојдоа од други земји. Семејството Ровеа, Барбара и Паоло од Италија, ги известија присутните за неодамнешната меѓународна средба на семејства во Ватикан, на која и самите учествуваа, а проф. Здеко Хорват од Крижевци одржа интересна работилница за односот на науката и религијата.

Ниту променливото време, ниту разните „изненадувања“ на патувањето не можеа да ја расипат радоста на 50-те учесници кои по двегодишна пауза предизвикана од пандемијата, се собраа да се оттргнат од секојдневието во атмосфера на заедништво. „Сите сме нурнати во разни проблеми, окупирани сме со работа, грижите за утре, војнате во наша близина и често се прашуваме што бара Бог од нас… Меѓутоа, за да го слушнеме Неговиот глас, понекогаш е потребно да застанеме“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот