Папата Фрањо го прими докторот Денис Муквеге, добитник на Нобеловата награда за мир

Папата Фрањо го прими докторот Денис Муквеге, добитник на Нобеловата награда за мир

Папата Фрањо во петок 9 декември 2022 година го прими во аудиенција нобеловецот, гинеколог од Конго Денис Муквеге, кој во 2018 година беше награден за грижата за жените и девојките, жртви на воено силување, посебно во регионот на Големите езера.

Посетата на Папата на Демократска Република Конго е силен знак; тој доаѓа да страда со народот на Конго кој страда и очекуваме неговото присуство дека ќе помогне да се подигне свеста на светската јавност за драмата што ја доживуваме денес и дека со своите молитви и неговиот глас ќе придонесе за крај на оваа трагедија, за што малку се зборува во Европа – рече добитникот на Нобеловата награда за мир за 2018 година, Конгоанецот, Денис Муквеге, 67-годишен гинеколог и активист за човекови права, на средба со новинарите по аудиенцијата кај папата Фрањо.

Подоцна, во Твитер порака, тој објасни дека за време на 30 минутната приватна средба со Папата разговарале за хуманитарната криза во Демократска Република Конго и за многу потребната правда, зајакнување на демократијата и воспоставување мир.

Десет години живее под придружба

За време на средбата, лекарот му кажал на папата Фрањо што сака да прави во болницата Панци, која ја основал пред речиси 25 години, во родниот Букаву, каде што живее како заробеник веќе десет години за да избегне атентати. Сака да ги спасува животите и иднината на жените, девојчињата, па дури и девојките, жртви на силување и сексуално насилство, кои се користат како воено оружје од членовите на групите кои се борат против владата во Киншаса.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот