Брат Алојз: Христос чука на нашата врата

Брат Алојз: Христос чука на нашата врата

„Да не го заборавиме гостопримството!“ е темата која екуменската заедница од Тезе ја избра за 41 европска средба на млади која ќе се одржи од 28 декември до 1 јануари во Мадрид. Во главниот град на Шпанија се очекуваат 15.000 млади кои ќе бидат распоредени во 170 парохии.

Илјадници семејства ќе им ја отворат на младите вратата од својот дом и ќе ми дадат сместување во текот на следните неколку дена за таа средба наречена „Ходочастие доверено на земјата“, средба на молитва, тишина и пријателство. Во програмата е предвидено молитви во црквите, работилници, заеднички вечерни средби во просториите на саемот во Мадрид, и молитвено бдение за мир во светот и „фестивал на народите“ на Старата година.

Европските средби  – искуства на гостопримството

Секоја година го имаме искуството на гостопримството по повод европските средби, рече за агенцијата „СИР“ брат Алојз приор на заедницата од Тезе. Младите се сместени во семејства и секоја година доживуваме голема радост. Живееме во време кога стравот се зголемува, а границите се затвораат. Сакаме да се сетиме дека гостопримството е централната тема во Евангелието. Бог секогаш нè прима, безусловно. Христос чука на нашата врата, ни се претставува како сиромашен, не се наметнува, туку од нас бара да го примиме. Ни дава доверба и сака тоа да заживее во нашите животи и да се претвори во доверба кон другите. Општетсвото не може да живее без доверба и нашето ходочастие на доверба на земјата единствено е знак на надеж, надеж дека е возможна цивилизација на гостољубивоста – вели брат Алојз.

Младите браат молитва и пријателство

Приорот исто така рече дека довербата се живее заедно со распознавањето на доброто и злото, но довербата знае како да преземе ризик изразувајќи му на другиот добредојде, дури и ако се разликува од мене. Во Мадрид ќе дојдат илјадници млади кои и овој крај на годината ќе одлучат да го поминат на поинаков начин, барајќи молитва и пријателство. Овде младите ја откриваат убавината на заедничката молитва и внатрешниот живот. Петнаесет илјади млади ќе се соберат во големата сала на саемот во Мадрид. Ќе има долги моменти на заедничка тишина. И тоа нè води во потрагата за присуството на Христос, слушајќи го Словото Божјо, пеејќи и давајќи му благодарност на Бог. Тие моменти се предзнак на помирувањеро кои ни го дарува Христос, помирување меѓу христијаните и меѓу народите. Тоа пак доведува до пријателство, пријателство кое ги надминува границите – истакна брат Алојз.

Слушање на младите

Приорот на заедницата од Тезе учествуваше на Епископската синода за младите во октомври и рече дека тоа за него било силно искуство. Притоа изрази длабока желба младите сѐ повеќе да ја откриваат Црквата како место за пријателство, како второ семејство. За тоа да се случи, според неговото мислење, неопходни се луѓе кои ќе ги сослушаат: свештеници, монаси и монахињи, лаици, мажи и жени, луѓе кои ја живеат верата и знаат да ги слушаат младите, луѓе кои ќе ги прифатат без осуда, кои ќе ги охрабрат.

Патот започнат на Синодата да го спороведеме на дело

Мислам дека на синодата го покажавме патот на обновата кој сега мора да го спроведеме на дело. Црквата може да биде место на универзалноста. Како христијани имаме можност, би кажал и одговорност да бараме глобализација со човечко лице. Средбата во Мадрид на која учествуваат толку голем број млади, покажува дека тие сакаат и ја бараат таа глобализација, а сето тоа треба да биде во согласност со признавањето на посебноста на секој народ и различните Цркви. Средбата во Мадрид сака да ѝ каже на Европа дека е можно да се распознае во посебностите и истовремено да го има заедничкото искуство на универзалноста – заврши брат Алојз приор на заедницата од Тезе.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот