Почесниот папа Бенедикт XVI и кардинал Роберт Сарах застанаа во одбрана на целибатот и свештенството

Почесниот папа Бенедикт XVI и кардинал Роберт Сарах застанаа во одбрана на целибатот и свештенството

Почесниот папа Бенедикт XVI и префектот на Конгрегацијата за богослужби и светотаинска дисциплина, кардинал Роберт Сарах се автори на новата книга за кризата во Црквата, за свештеничката служба и целибатот

„Од длабочината на нашите срца“ треба да го види светлото на денот на 15 јануари во Франција, а ексклузивни извадоци кои пробудија големо интересирање, објави францускиот весник „Ла Фигаро.“

Како што изјави за Catholic News Agency отец Џозеф Фесио основач и уредник на издавачката куќа „Игнациус прес“ која го објави англиското издание, делото „не зборува само за свештеничкиот целибат, иако тоа само по себе е важно.“ „Тоа зборува, како што почесниот папа Бенедикт XVI опишува во првиот дел: за долгогодишната криза низ која свештенството поминува. Но и повеќе од тоа; зборува за природата на Црквата и за христијанското наследување.“

Од издавачката куќа „ Игнациус прес“ порачуваат дека Бенедикт и кардинал Сарах „искрено се осврнуваат на духовните предизвици со кои свештениците денес се соочуваат вклучувајќи ги тешкотиите во целибатот“ и „укажуваат на длабоко обраќање на Исус Христос како клуч за верна и плодна свештеничка служба и црковна реформа.“ (…)

Книгата е замислена како порака на надежта и објаснување на библиската и духовната важност на свештеничкиот целибат, кои го нарекуваат повеќе од „обично правило на црковниот закон.“

Според издавачот, авторите „инсистираат дека обновата на Црквата е поврзана со обновено разбирање на свештеничкиот повик како удел во Исусовиот свештенички идентитет на свршеник на Црквата“ и „истакнуваат дека опционалниот целибат всушност не е опционален за автентичното свештенство.“

Од „ Игнациус прес“ исто така истакнуваат дека книгата делумно претставува одговор „на повиците за преобликување на свештенството, вклучувајќи ги предлозите од Синодата за Амазонија.“

Новата книга „Од длабочината на нашите срца“ е објавена помеѓу завршните заклучоци на Синодата за Амазнија и одлуките на папата Фрањо, што некои ја протолкуваат како обид за влијание на Светиот Отец.

„Последните месеци, додека во светот одекнуваше метежот кој создаде чудна медиумска синода која го презеде приматот над вистинската синода, ние се сретнавме. Разменивме идеи и загриженост. Молевме и размислувавме. Секоја средба нè тешеше и смируваше. Нашите осврти, донесени на различни начини, нè поттикна да размениме писма. Сличноста на нашите загрижености, како и согласноста на нашите заклучоци, нè поттикна како свети Августин, плодовите на заедничката работа и духовното пријателство да ги ставиме на располагање на верниците. Навистина, како него зборуваме: „Silere non possum!“ Не можеме да молчиме! Стои во дел од книгата кој ексклузивно го објави „Ле Фигаро. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот