Лекарите на папата Лав XIV потврдија дека туморот отстранет на 13 октомври бил аденокарцином на белите дробови и дека болеста била локализирана, нагласувајќи дека „не е потребен понатамошен третман“.
По операцијата при која беше отстранет долниот лобус на десното белодробно крило, лекарите на папата Лав XIV на 21 октомври 2026 година соопштија дека туморот отстранет на 13 октомври бил аденокарцином на белите дробови и дека болеста била локализирана.
Д-р Луиџи Карбоне и професор Стефано Маргаритора во средата навечер објавија соопштение во кое истакнаа дека последователната онколошка проценка потврдила дека „не е потребен понатамошен третман“.
„Конечните резултати од хистопатолошките и молекуларните испитувања на ткивото отстрането за време на операцијата на Светиот Отец беа објавени во среда. Резултатите потврдија дека туморот е аденокарцином на белите дробови и дека болеста е локализирана. Последователната онколошка проценка потврди дека не е потребен понатамошен третман“, се наведува во целосното соопштение објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк

