Папата до индиските епископи: Живејте го својот повик радосно и великодушно

Папата до индиските епископи: Живејте го својот повик радосно и великодушно

Триесет и првото пленарно собрание на Индиската епископска конференција се фокусираше на темата „Радоста на Евангелието.“

Папата Фрањо упати братски поздрави до епископите кои учествуваа на 31. пленарно собрание на Индиската епископска конференција кое до 15 јануари ќе се одржува во Мадрас, на темата „Радоста на Евангелието“ да донесе многу плодови. Зацврстени со личното продлабочување на односот со Спасителот и со поддршката од милостите на Светите Тајни, нека сите верници во Индија го живеат својот повик радосно и великодушно – посака Папата.

Апостолскиот нунциј во Индија и Непал Џамбатиста Дикватро, на собранието посебно ја поттикна Црквата во Индија да посвети внимание на потребите на човештвото. Нашето единство и нашата соработка мора на нацијата да и покажат дека со својот живот ја сведочиме радоста на Евангелието. Пораката на Папата ја прочита надбискупот Џорџ Антонисами потпреседател на Епископската конференција и после тоа изјави дека Индија и треба на Црквата и Црквата и треба на Индија. На крајот спомна дека Епископската конференција во Индија е најголема во Азија и четврта во светот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот