Светски ден на мирот 2022: Образование, работа и меѓугенерациски дијалог

Светски ден на мирот 2022: Образование, работа и меѓугенерациски дијалог

Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој го објави соопштението во кое е објаснета пораката на Папата за Светскиот ден на мирот, 1 јануари 2022 година.

Папата Фрањо во пораката за 55 Светски ден на мирот, 1 јануари 2022, зборува за три актуелни контексти на кои што треба да се размислува и врз основа на нив да се делува, како би се изградил траен мир во денешниов свет. Од овде произлегува и насловот на пораката: Образование, работа и дијалог помеѓу генерациите: алатки за градење на траен мир.

Откако во 2021 во центар беше размислување за ‘културата на грижа’ , папата Фрањо за наредната година повикува, како што рече во обраќањето до Римската курија во декември 2019, за читање на знаците на времето со очи на верата, за насоката на оваа промена да може да пробуди нови и стари прашања со кои со кои што е потребно соочување.

Поаѓајќи од споменатите три контексти, можеме да размислуваме дека образованието и воспитувањето можат да изградат траен мир, стои во соопштението на Дикастеријата.Дали повеже или помалку одговара работата на основните потреби на човекот во погледот на правдата и слободата? Дали генерациите се вистински меѓусебно солидарни, веруваат ли во иднината? Во тој контекст, во која мера оние кои владеат успеваат да воспостават хоризонт на примирје.

Годишнината на Светскиот ден на мирот е востановена од папата Павле VI со пораката во декември 1967, а за прв пат е одбележан во јануари 1968. Повод за тоа била Виетнамската војна односно и надежта за примирје.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот