Папата повика на молитва Света Бројаница во месец мај

Папата повика на молитва Света Бројаница во месец мај

После Катехезата Генералната аудиенција во среда 5 мај 2021 година, Светиот Отец ги охрабри верниците на посебна молитва во овој месец. Во овој месец мај од маријанските светилишта ширум светот ќе молиме Света Бројаница за крај на пандемијата и продолжување на општествените и работните активности. Денес, оваа маријанска молитва е предводена од Светилиштето на Пресвета Дева Марија на Бројаницата во Намјанг, Јужна Кореја. Да се обединиме со оние што се собраа во тоа светилиште, молејќи се посебно за децата и младите.

Папата ги охрабри верниците од италијанско говорно подрачје духовно да се придружат во молитвата Бројаница, која ќе се одржи во сабота, 8 мај, напладне, во светилиштето Помпеја. Папата ги охрабри сите верници, особено постарите, младите, болните и младенците да се молат на Марија, модел на верата и делотворен сведок на Христовите зборови, како би добиле христијанска сила во одлуките и тешкотиите во животот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот