Папата Фрањо: Молам за старите луѓе кои се сами и во страв

Нека Господ биде блиску и нека и даде сила на нашите баби и дедовци – рече папата Фрањо на Светата Миса на 17 март во домот Света Марта. Папата повика да знаеме секогаш да простуваме од срце.

Би сакал денес да молиме за старите луѓе кои во овие моменти страдаат на посебен начин, во многу осамена внатрешна состојба, а понекогаш и во голем страв – рече Папата Фрањо на светата Литургија на 17 март во Домот Света Марта. Да го молиме Господ да биде блиску до нашите баби и дедовци и до сите стари луѓе, и да им даде сила. Тие ни дадоа мудрост, живот и историја. Ние сме им блиску со молитвата – рече Папата Фрањо, осврнувајќи се на денешното свето Евангелие кое зборува за Петар кој го праша Исус колку пати треба да им простиме на другите

Катехезата за единството на браќата, Исус ја заврши со убава парабола, рече Светиот Отец, цитирајќи: „Ви гарантирам, ако двајца од вас, двајца или тројца, се обединат и побараат милост, ќе им се даде“. Единство, пријателство, мир помеѓу браќата ја привлекува добронамерноста на Бога. Петар праша: „Што се однесува до луѓето што нè навредуваат, што мораме да правиме? Колку пати да му простам на својот брат ако ми згреши? До седум пати?“, Исус му одговорил„ Седумдесет пати по седум“ што на нивниот јазик значело „секогаш “. Не е лесно да се прости, но секогаш мора да се прости, затоа што нашето себично срце секогаш прибегнува кон омраза, одмазда и злоба.

Сите сме виделе семејства уништени од омраза која се пренесува од генерација на генерација – рече Папата Фрањо и истакна: Браќа пред мртвиот родителите не се поздравуваат, бидејќи во себе носат стара омраза. Се чини дека е полесно да се прифати омразата, отколку љубовта и токму тоа е богатството на ѓаволот. Ѓаволот секогаш се стиснува помеѓу нашата омраза и злоба,и ги поттикнува да расатат и ги одржува за да се уништат. Се уништува, често и поради мали работи. Се обидува да го уништи и Бог кој не дојде да осудува, туку да простува; Бог кој може да подготви слава на грешникот кој му приоѓа и сè заборава

Кога Бог ни простува, тој заборава на злото кое сме го направиле – рече Папата и додаде: Некој кажа: Тоа е Божја болест, не се сеќава, во тие случаи се губи сеќавањето. Бог го губи сеќавањето на многу лоши и погрешни работи и на нашите гревови. Ни простува и оди понатаму. И од нас само бара да го правиме истото, да учиме да простуваме, да не го носиме и понатаму тој неплоден крст на омраза, злоба и одмазда. Тоа не е христијански, ниту пак човечки. Исусовата великодушност нè учи дека за влез во небото е потребно да простуваме.

Навистина, Исус вели: Кога одите на света Литургија, сетете се дека вашиот брат има нешто против вас и претходно помирете се; не доаѓајте кај мене со љубов кон мене во едната рака и омраза кон братот во другата. Потребна е постојаност во љубовта; треба да се простува од срце – рече Светиот Отец и додаде: Постојат луѓе кои живеат осудувајќи ги другите, зборувајќи лошо за другите, осудувајќи ги постојано своите колеги на работа, соседи, роднини, бидејќи не простуваат некоја работа која им ја направиле, или не простуваат работа која не им се допаднала. Се чини дека тоа е токму богатството на ѓаволот, да зрачи љубов кон непростувањето, да се живее приврзано на непростувањето. Но простувањето е услов за влез во небото.

Параболата која што ни ја остави Исус ни зборува многу јасно; мораме да простуваме. Нека Бог нè поучува според мудроста простување, кое не е лесно. Кога одиме да се исповедиме и да ја примиме светата Тајна на помирување, се прашуваме дали простуваме. Ако чуствуваме дека не простуваме, да не се правиме дека бараме опрост, бидејќи нема да ни биде простено. Да бараш простување значи да простуваш. Тие две работи одат заедно и не можат да се разделат. Тие кои барат простување за себе, како човекот на кој Господарот му простува сè, но не простува на другите, ќе заврши како тој човек.” Така и Отецот мој небесен ќе направи со вас ако не му опрости од срце на својот брат”. Нека Бог ни помогне да го сфатиме тоа и да ја спуштиме главата, за да не бидеме горди, туку да бидеме големи во простувањето. Барем да простуваме заради интерес, бидејќи ако не простуваме, нема да ни биде простено. Иако секогаш мораме да простуваме, тогаш да го правиме барем тоа – рече на крајот папата Фрањо

Ватикан њуз/ к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот