Состанок на „Кор Унум“ за сириската и ирачката криза

Да се разгледа што до сега направиле католичките каритативни тела, да се одредат предностите за иднината и да се промовира соработката – тоа е целта на состанокот за хуманитарната криза во Сирија и Ирак, која ќе се одржа во четврток, 17 септември, во седиштето на Папскиот Совет Кор Унум.

На состанокот беа присутни претставници од триесетина каритативни католички организации кои делуваат на Блискиот Исток, како и бискупи од повоќе делови на земјата.

По воведното излагање на секретарот на гореспоменатиот Совет, монсињор Џампиетро Дал Тозо, на кардиналот Леонардо Сандри, префектот на Конгрегацијата за Истолните Цркви како и на подсекретарот на Обединетите Нации за хуманитарни работи Стивен О’Брајан, е презентиран Извештајот за хуманитарната помош од црковните институции во контекс за сириската и ирачката криза, која ја разгледал Папскиот совет Кор Унум. Во попладневните часови, по презентацијата на монсињор Акашех Калед, водителот од секцијата за Ислам од Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог и извештаите од локалните Цркви ги презентира надбискупот Марио Ѕенаре, апостолски нунциј во Сирија, бискупот Антоан Аудо, претседател на сирискиот Каритас и бискупот Шлемон Вардуни, претседател на ирачкиот Каритас, учесниците дискутираа за конкретните аспекти за соработка меѓу различните субјекти во Сирија, Ирак и соседните држави.

Освен тоа споманто е дека, врз основа на расположливите податоци, се проценува дека конфликтите во Сирија и Ирак причиниле 250 илјади мртви и милион ранети луѓе. Освен тоа, најмалку на 12 милиони луѓе во Сирија, и на 8 милиони во Ирак им треба помош, додека бројот на бегалци во Сирија брои повеќе од 7 милиони, додека во Ирак 3 милиони луѓе. А пак 4 милиони бегалци се сместени во повеќе земји, најмногу во Турција, Либан и Јордан. Освен во дипломатските активности, Светиот Престол активно учествува во програмите за давањето хуманитарна помош и услуги.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот