Светиот Отец на Генералната аудиенција: Семејствата со многу деца знаат дека секое дете е дар Божји

Апостолската посета на Шри Ланка и Филипините беше темата на Генерална аудиенција со Светиот Отец во салата Павле VI одржана во среда 21 јануари, на која на крајот повика на молитва за жртвите од насилствата во Нигерија, нагласувајќи дека „не може да се војува во Божјо име!“ Втората посета на Папата на Азија, по патувањето во Кореја било – според неговите зборови – „радосна средба“ со црковната заедница која Го сведочи Христа. „Ги зацврстив во верата и мисиското послание“ – рече папата Фрањо.

Светиот Отец го истакна радосниот пречек во тие земји, меѓуверскиот дијалог и службата на помирување како пат кон единството и општествениот развој чии предводници се семејствата и младите. Врвот на посетата на Шри Ланка беше канонизацијата на Хозе Ваз кој помагал на сите без разликување на верата и општествената состојба. „Го назначив Хозе Ваз како пример за сите христијани, повикани да ја предложат спасоносната вистина на Евангелието во денешниот мултирелигиозен контекст“ – рече папата Фрањо додавајќи дека можноста за средба со властите ја нагласил важност на дијалогот, почитување на човечкото достоинство и залагање за општото добро.

Папата понатаму ја истакна средбата со претставниците на различни религии со што сакаше да поттикне соработка за преку патот на простувањето да можат да се лекуваат раните. Темата за помирување беше истакната и по повод посетата на маријанското светилиште во Мадху кое ги собира како припадниците на тамилското така и сингалското население.

Осврнувајќи се на другиот дел на својата неодамнешна посета на Филипините, Светиот Отец потсети дека локалната Црква се подготвува да ја прослави 400 годишнина на навестување на Евангелието. Папата на средбата со властите, во моментите на молитва како и на завршната Литургија ја истакна постојаната плодност на Евангелието кое може да го вдахне општеството достојно на човекот.

Главната причина зошто одлучил да оди на Филипините била – според неговите зборови – да изрази близина на браќата и сестрите кои патат заради последицата на катастрофалниот тајфун Јоланда. Затоа го посети Таклобан – подрачје најтешко погодено во таа природна катастрофа. „Божјата љубов објавена во тајната на Крстот се манифестираше во духот на солидарноста која се покажа во многу дела на љубовта и жртвувањето – нагласи Папата.

Осврнувајќи се на средбата со семејствата и младите во Манила, Светиот Отец рече дека здравите семејства се важни за животот на општеството. Големите семејства кои ги прифаќаат децата како вистински Божји дар „исполнуваат со надеж и утеха“ бидејќи „знаат дека секое дете е благослов“, рече Папата и напомена:

„Сум слушнал некои велат дека семејствата со многу деца и раѓање на многу деца се примери на сиромаштво. Таквото мислење ми изгледа површно. Можам да кажам – сите можеме да кажеме – дека главната причина на сиромаштвото е економскиот систем кој од центарот го отсранува човекот и на негово место го става богот пари“; тоа е систем кој исклучува и создава култура на отпад во која живееме – објасни папата Фрањо и нагласи:

„Навикнати сме да гледаме отфрлени луѓе. Таа е главната причина за сиромаштвото, а не големите семејства.“ Потребно е да ги штитиме семејствата од новите идеолошки колонизации кои го напаѓаат нивниот идентитет и нејзиното послание – истакна понатаму Папата додавајќи дека младите сакал да ги поттикне да допринесат за обнова на општеството особено преку служење на сиромашните и грижата за животната средина. Грижата за сиромашните е важен составен дел на нашиот живот и христијанското сведоштво – потсети Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот