Папата повика на конкретно милосрдие за оние кои страдаат од војни и земјотреси

Папата повика на конкретно милосрдие за оние кои страдаат од војни и земјотреси

По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо уште еднаш упати апел за населението во Сирија и Турција, разорени од земјотресот на 6 февруари во кој, според последните податоци, животот го загубија повеќе од 46.000 луѓе. но и за Украина и другите народи кои се во војна или страдаат од сиромаштво и недостаток на слобода. Покрај тоа, Папата ја изрази својата близина со населението на Нов Зеланд, кое беше погодено од циклонот Габриел, кој предизвика смртни случаи, повредени, исчезнати лица и огромни штети на земјоделските производи.

Зборовите на Папата по молитвата Ангел Господов во недела 19 февруари 2023 година се општа прегратка за сите народи кои страдаат од конфликти и природни катастрофи, поради недостаток на ресурси и храна и поради скратувања на правата. Своите мисли Папата ги упати за Сирија и Турција, разурнати од земјотресот на 6 февруари, но и за Украина, која една година е измачувана од војната, и до сите луѓе кои страдаат ширум светот.

Исусовата љубов бара од нас да дозволиме да бидеме трогнати од маките на оние што се изнемоштени. Мислам посебно на Сирија и Турција, на многубројните жртви од земјотресот, но и на секојдневните драми на саканиот украински народ и на многу народи кои страдаат од војна, сиромаштво, недостаток на слобода, уништувањето на животната средина. Многу народи…

Повеќе од 46.000 загинати во земјотресот

Зборовите на Папата доаѓаат откако повеќе од 46.000 загинати и нови последователни потреси се регистрираат во северна Сирија и југоисточна Турција. Папата сакаше да покаже конкретна близина со населението во тие две ранети области со испраќање материјална помош преку Папскиот делител на милостина, кардиналот Конрад Крајевски. Раководителот на Дикастеријата за Источните цркви, надбискупот Клаудио Гуџероти, исто така е присутен во тие области, од петок 17 до вторник 21 февруари, за да изрази солидарност со повредените и прогонетите, но и да се сретне со бискупите и вработените во агенциите кои се вклучени во давањето помош.

Во Украина, од друга страна, во услови на зголемени меѓународни тензии, продолжуваат ракетните напади врз градовите.

Папата се осврна и на Нов Зеланд

По пладневната молитва, Папата се осврна и на Нов Зеланд, кој беше погоден од разорниот циклон Габриел, во кој животот го загубија 11 лица, над 5.000 се повредени, а голем број се водат за исчезнати.

Во оваа смисла, близок сум со населението на Нов Зеланд, погодено од разорниот циклон во последните денови. Браќа и сестри, да не ги заборавиме оние што страдаат и да направиме нашето милосрдие да биде полно со внимание, да биде конкретно.

Огромна штета

Покрај човечките загуби, циклонот уништи овошни насади, лозја и земјоделски култури во некои од најпродуктивните области на Нов Зеланд. Оштетени се патишта, а илјадници жители останаа без струја и вода. Владата стравува дека штетите, кои допрва треба точно да се проценат, ќе изнесуваат милијарди. Министерот за финансии Грант Робертсон во интервју за локалните медиуми изјави дека очекува суми споредливи со оние по земјотресот во Крајстчерч во 2011 година, кој нансесе штета околу 13 милијарди новозеландски долари или повеќе од 7,5 милијарди евра.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот