Папата на бдение со сто илјади италијански момчиња и девојки

Папата на бдение со сто илјади италијански момчиња и девојки

Со Марија, која беше на ваши години кога кажа „да“ на Бога, повторете го вашето „Еве ме“. Папата ова го истакна пред сто илјади млади луѓе собрани на бдение организирано од италијанските бискупи на плоштадот Свети Петар. Папата ги слушаше нивните искуства, се молеше со нив, доверувајќи ѝ ја иднината на Пресвета Богородица и ги поттикна да не се плашат од животот, туку да го даруваат, расветлувајќи ги своите стравови со помош на оние околу нас.

Повеќе од еден час дијалог и молитва со Папата, со песни, искуства и сведоштва од животот – тоа беше бдение кое заврши во понеделник 18 април 2022 година, поклонение на младите од италијанските бискупии, на плоштадот Свети Петар преполн со ентузијазам каков што не се одржал повеќе повеќе од две години поради пандемијата, затворање, осаменост и со стравови во очите кои доаѓаат од Украина.

Тоа го спомна и Папата. Поминаа две години со празен плоштад, плоштад кој претрпе пост, а сега е полн со радост иако, за жал – како што рече – густите облаци сè уште го заматуваат нашето време. Тоа е темнина која нѐ плаши сите нас, страшна војна чија највисока цена ја плаќаат многу ваши врсници чии животи се загрозени и чии соништа се погазени. Многумина, додаде, се уште ја чекаат светлината на Воскресението.

Иван 21, 1-19

Упориштето, основата на подготовката на младите, како и говорот на Папата, беше пасус од 21 поглавје на Ивановото евангелие, за чудесниот улов на Тиверијското Езеро и третото појавување на Исус по Воскресението. Ненадејно беше, неочекувано, неговото барање повторно да ги фрлат мрежите, по ноќта на неуспешни обиди. Петар кој се фрли во морето, потоа вечера и впечатлив дијалог на Петар со Воскреснатиот, обележан со тројното прашање „Дали ме љубиш?“, кој завршува со Исусовиот повик: „Оди по Мене“.

Исус нè поттикнува да одиме понатаму

Папата им се обрати на младите откако ги ислуша искуствата и сведоштвата на неколку млади луѓе, приказни за нивниот премин од „мрак“ – доживеани од тага по смртта на некој близок, болест или слаба желба за живот – во светлината на дарот и љубовта, како што се случило со учениците во таа ноќ на езерото. „Темнина“ владее и во ноќта за која се зборува во Евангелието по Иван – нема улов. Какво разочарување! – истакна Папата, кога вложуваме многу енергија и ништо не се случува. Но, тогаш се случува нешто изненадувачко. Во мугрите се појави човек, Исус, кој ги чекаше. А Исус им рече: „Таму десно има. И се случи чудо, многу риби, мрежите се наполнија со риби.

Мракот нѐ не плаши

Ова може да ни помогне да размислуваме за некои моменти од нашиот живот – истакна Папата – моменти на искушение во кои се чувствуваме голи, беспомошни и сами, моменти во кои чувствуваме страв. Не треба да се срамиме да кажеме: Се плашам од мракот! Сите се плашиме од мракот. Стравовите треба да се кажат, треба да се изразат за да се изгонат. Запомнете го ова: треба да се кажат стравовите. На кого? На тато, мама, пријател, пријателка, личност која може да ти помогне. Треба да се изнесат на виделина. Кога стравовите, кои се во темнина, ќе излезат на виделина, вистината избива. Не се обесхрабрувајте – ги охрабри Папата.

Проникливоста на Иван и храброста на Петар

„Кризите“, значи, треба да се осветлат споделувајќи ги со другите, со збор, дијалог, почнувајќи од семејството, бидејќи никогаш не сме сами. Навраќајќи се повторно на делот од евангелие од Иван, Светиот Отец на младите им посочи два примери кои треба да ги следат: Иван, кој прв го препозна Исус на брегот на езерото и Петар, „посебен“ и храбар ученик кој се фрли самиот во езерото за да се сретне со Господа. Овие квалитети, кои често ги нема кај возрасните, треба да ги имаат младите.

Вие имате проникливост; не губете ја! Проникливост да се каже. „Тоа е вистина – тоа не е вистина – не е добро“, проникливост да се пронајде Господ. Проникливост за Вистината. Сакам да ја имате проникливоста на Иван, но и храброста на Петар.

Не плашете се од животот, туку од смртта на душата

Со храброст и проникливост не останува ништо друго освен великодушно и без страв да се „фрлиш во живот“, сигурни дека секогаш ќе има некој со нас да нѐ следи. Животот кој не се дарува останува затворен во себе. Страв од смрт, смрт на душата, смрт на иднината, затворање на срцето; плаши се од тоа. Но не и животот; животот е убав, животот треба да се живее и да се дава на другите, животот треба да се дели со другите – истакна Папата.

Да повториме со Марија: „Еве ме!“

Средбата на папата Фрањо со младите заврши во знакот на Марија. Папата им ја посочи на младите Богородица, бидејќи кога ќе се најдат во потешкотии – рече – таа е мајка која така се повикува. Нека Богородица, мајката која беше скоро на ваша возраст кога го прими навестувањето од ангелиот и забремени, нека ве научи да кажете: „Еве ме!“ И не плашете се. Храбро напред! – ги охрабри младите папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот