Папата до Исусовците: евангелизирајте храбро, со љубов и со понизност

Да немаш друго име во животот, ништо не значи ако не е тесно поврзано со Христос – со таа желба папата Фрањо ја заврши проповедта на светата Литургија, на празникот Пресвето Име Исусово, која претпладне ја предводеше во римската црква на Исусовците, посветена на Исусовото име. Во проповедта Светиот Отец говореше за првиот свештеник на Дружбата Исусовци, за Петар Фабро, пример за свештеничка светост, кој на 17 декември е прогласен за свет.

„Испразнети, затоа што се полни во Бога. Немирни, затоа што неуморно го бараат Бог. Храбри затоа што за верата се способни на големи соништа, како што се Божјите соништа. На крајот, вечно се воспитуваат за да бидат вториот Христос на земјата. А поинакви не можат да бидат луѓе кои свети Игнациј Лојолски ги собирал и ги собира во Дружбата, која го носи името Исусово. Папата говореше за каризмата на Петар Фабро, секогаш актуелен собрат, кој се одликувал со духовни и апостолски крепости, по кои исусовецот е верен на својот повик, тргнувајќи од срцето, празно и испразнето од љубов, како што било Христовото срце – рече Светиот Отец.

Повикани сме на ова снижување: да се испразниме; да се концентрираме на себе затоа што Исус и Црквата се центар на Дружбата. А Бог е секогаш голем, секогаш нѐ изненадува. А ако „Бог кој изненадува“ не е во центарот, тогаш Дружбата е дезориентирана. Затоа, да бидеш исусовец значи да бидеш човек на незавршени, отворени мисли, затоа што секогаш размислува гледајќи навестување за сѐ поголема слава Божја, кој нас постојано нѐ изненадува. А тоа е немирот на нашата бездна, свет и убав немир – истакна папата Фрањо.

Колкав е нашиот немир? Исусовецот треба да се прашува дали во себе го сочувал немирот на барање или закржлавел? Членовите на Дружбата всушност немаат алтернатива: Бог треба да се бара за да не се најде, или да го најдеш и понатаму и секогаш одново да го бараш. Единствено тој немир го смирува срцето на исусовецот, а тоа воедно е и апостолски немир, затоа навестувањето, храброто евангелизирање не смее да не изморува. Тој немир нѐ подготвува за примање на дарот на апостолската плодност. Без него сме стерилни – објасни Папата додавајќи дека тој немир го красеше на свети Петар Фабро.

Тој бил човек на неограничени желби, немирен дух, секогаш „незадоволен“, носен од исправен дух кој поттикнува на делување. Имаме ли ние големи видување и полет? Дали сме храбри: Дали високо лета нашиот сон? Гориме ли од ревност? Или сме просечни и се задоволуваме со својата апостолска програма подготвена во лабараторија? Секогаш да имаме на ум: силата на Црквата не е во неа самата и во нејзината организациска способност, туку се крие во Божјата длабочина – предупреди Светиот Отец.

Говорејќи за животот на свети Петар Фабро, рече дека целиот живот го потрошил за да стекне „семејност со Бог“; за неговото срце да биде пресадено во срцето Исусово. Со тие чувства, со христијанско оружје – благост, станал творец на дијалог во Европа, поделена со реформите на Лутер.

Ми доаѓаат на ум искушенијата кои многумина ги имаат, а кои можеби и ние ги имаме: навестувањето на Евангелието да се поврзе со инквизициското тепање, со осуда. Не! Евангелието се навестува со благост, братство и љубов! – рече Папата и ги повика Исусовците да се угледаат на првиот свештеник на Дружбата Исусовци, братот Петар, кој под влијание на „Христовата привлечност“ правел вистински „апостолски лудости“.

Ние сме слаби, грешни сме, но во Дружбата во Исусовото име сакаме да се бориме под знамето на крстот. Егоисти сме, но сепак сакаме да го живееме живот кој го вознемируваат големи желби. Да ја обновиме својата жртва на Вечниот Господ на вселената, со помош на неговата славна Мајка да можеме да летеме, сакаме и да ги живеме чувствата на Христос кој се испразни самиот себе – поттикна Светиот Отец.

 РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот