Крводарителството помага да се спасат многу животи

Крводарителството помага да се спасат многу животи

Папата Фрањо ги повика верниците на крајот од редовната Генерална аудиенција на плоштадот Свети Петар искажа благодарност до сите кои даруваат крв, нагласувајќи дека тоа е дело со кое се спасуваат многу човечки животи. Младите ги повика да го сфатат значењето на искушенијата

Во среда 16 ноември 2023 година, уште обраќајќи им се на италијанските верници по завршувањето на катехезата, папата Фрањо го поздрави Здружението на италијански дарители на крв, нагласувајќи ја етичката вредност на дарувањето крв: дело што помага да се спасат многу човечки животи!

Потоа ги охрабри младите, пред сè, да бидат храбри протагонисти во средините во кои живеат.

Пред сè, бидете радосни сведоци на Евангелието, градители на мостови, никогаш ѕидови!

До младите: Сфатетe ја важноста на искушенијата

Повторно поздравувајќи ги многубројните присутни млади луѓе, посебно големата група „Instituta Miraglia“ од југот на Италија, Папата истакна дека последните недели од литургиската година нè повикуваат на чувство на христијанска надеж. Во оваа перспектива, ве повикувам секогаш да го имате на ум значењето и вредноста на секојдневните искуства, па дури и искушенија, размислувајќи како Бог соработува во сè за добро на оние што го љубат.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот