Папата ги прими на аудиенција претставниците од Светскиот сојуз на евангелистите

Цитирајќи го посланието до Галатјаните: „Благодат и мир вам од нашиот Бог Отец и Исус Христос, кој се даде Себе за нашите гревови, за да не избави од сегашниот зол свет, по волјата на Бога, кој е наш Отец,“ Светиот Отец ги поздрави претставниците на Светскиот сојуз на евангелистите, кои ги прими на аудиенцијаво четврток 6 номври.

Служејќи на Евангелието, на Црквата и помагаме, во Христос и со Христос, да стане сè поплодна Божја лоза „додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота“ (Ефесјаните 4, 13). Таа реалност се темели на светата Тајна Крштение, преку која учествуваме во смртта и воскресението Христово. Благодарение на Крштението живееме во силата на Светиот Дух – изјави папата Фрањо.

Говорејќи за Крштението, рече дека нè потсетува на основната и многу утешна вистина, а тоа е дека Господ ни претходи со својата љубов и милост. Читајќи го Светото Писмо сфаќаме дека пораката од Евангелието не се однесува само на личниот однос со Бога, значи нашиот одговор на Божјата љубов не треба да се разбере како збир на гестови кон некој човек во потреба, како серија на активности чија цел е да се смири сопствената совест. Евангелието го навестува Царството Божјо, а тоа значи да го сакаме Бог на овој свет. Царството Божјо ни претходи, како што претходи и тајната на единството на Црквата – објасни Светиот Отец.

Од самиот почеток меѓу христијаните имало поделби, за жал и денес сеуште ги има. Таа состојба ја намалува нашата способност ефикасно да ја исполниме Божјата заповед, Евангелието да се навестува на сите народи. Нашата поделба ја уништува убавината на единствената Христова облека, но потполно не го уништува единството кое се раѓа по милоста на Кршетнието. Христијанското навестување сигурно би било поуспешно доколку би се елиминирале поделбите и кога заедно би можеле да ги славиме светите Тајни, да го шириме Божјото Слово и да ја сведочиме љубовта – рече Папата.

Ме радува сознанието – продолжи Папата – дека Папскиот совет за единството на христијаните и Светскиот сојуз на евангелистите отворија нови перспективи, објаснувајќи ги недоразбирањата и покажувајќи го патот како да се надминат предрасудите. Сакам дијалогот уште повеќе да го зголеми нашето заедничко сведочење и напори за евангелизација. Ако навистина веруваме во слободното и великодушното делување на Светиот Дух, тогаш едни од други ќе учиме и ќе го прифатиме она што Светиот Дух за нас го посеал во другите – рече папата Фрањо.

Завршувајќи го говорот, Папата изрази уверување дека Светиот Дух може да отвори нова ера во односите помеѓу католиците и евангелистите, која ќе овозможи целосно да се оствари Господовата волја, Евангелието да се навестува до крајот на земјата. За тоа ќе се молам за вас, а од вас барам да се молите за мене и за мојата служба – заврши папата Фрањо.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот