Постарите луѓе го симболизираат пренесувањето на верата од колено на колено

Постарите луѓе го симболизираат пренесувањето на верата од колено на колено

Како што наближува Третиот светски ден за баби и дедовци и стари лица, недела 23 јули 2023 година, Дикастеријата за лаици, семејство и живот го обновува својот повик за христијаните да го прослават настанот со присуство на света Литургија и посета на оние кои се сами.

Недела, 23 јули, се одбележува Третиот светски ден на бабите и дедовците и постари лица. Тема за оваа година е „И милоста Неговата е од колено на колоно“, потсетувајќи на пасус од Евангелието според Лука.

Неделна света Литургија

Пред прославата, Дикастеријата за мирјани, семејство и живот објави соопштение во кое ги потсетува верниците дека светата Литургија ќе ја предводи папата Фрањо во 10.00 часот по локално време во базиликата Свети Петар, а на неа ќе учествуваат над 6.000 луѓе, меѓу кои и „многу стари луѓе од цела Италија“.

Од колено на колено

Во соопштението се истакнува дека на крајот на прославата, пет стари лица – по еден претставник од секој континент – „симболично ќе го предадат Ходочасничкиот крст на Светскиот ден на младите на пет млади луѓе кои заминуваат за Лисабон“.

Сите оние кои ќе присуствуваат на настанот во Свети Петар ќе добијат конкретна молитва за Денот, заедно со копија од пораката на Папата до бабите и дедовците и постарите лица.

Прослави низ целиот свет

Во соопштението, Дикастеријата за мирјани, семејство и живот посочи два начина да се прослави настанот во секоја бискупија во светот: со света Литургија посветена на бабите и дедовците и постарите и со посета на оние кои се сами. „Потполн опрост“, стои во соопштението, „се доделува на оние кои ќе ги направат овие дела“.

Дикастеријата, исто така, ја истакна иницијативите на бразилската бискупска конференција, „која ќе слави света Литургија со стари лица во храмот Апарецида“, и онаа на канадската бискупска конференција, „која објави видео во кое ги повикува младите да ги посетат старите лица во домовите за стари лица“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот