Папата: Христијаните да го навестуваат името Христово

„Должноста на христијаните е да го навестуваат името на Исуса Христа, но тоа треба да го прават со срцето“, рече Светиот Отец во својата проповед на светата Литургија на 9 септември 2016 година во домот Света Марта.

Папата Фрањо во својата проповед ги повика верниците да не го сведат навестувањето на Радосната вест само на обврска, туку Христос да го сведочат со примерен христијански живот. Додаде дека евангелизацијата не е лесна прошетка и дека христијанинот мора да се чува од прозелитизам.

Во својата проповед го постави следното прашање: Како да се евангелизира? Започнувајќи од Посланието до Коринтјаните (1 Кор 9, 16-19.22б-27), Светиот Отец објасни дека навестувањето не е едноставно функција што за жал денес е случај кај бројни христијани без разлика дали се лаици или свештеници и порача:

„Тоа е перчење! Со тоа Евангелието се сведува на должност или токму на перчење. Да не се перчи со бројот на луѓето кои ги донесовме во Црквата, а не ни е ниту до прозелитизам. И токму тоа е она што свети Павле во своето послание го тврди. Тој не евангелизира за да се фали, туку евангелизира затоа што мора. Должноста на христијаните е да го навестуваат името на Исус Христос, но тоа треба да го прават со срцето.“

Евангелизацијата се состои во тоа да одиме со другите луѓе и со нив да го делиме животот. Станува збор пред сè за тоа со другите луѓе да тргнеме по патот на верата и така да растеме. Папата Фрањо раскажа како на ручекот за време на Светскиот ден на млади во Краков едно момче го прашало што треба да му каже на еден атеист.

„Прекрасно прашање! Сите ние познаваме луѓе кои се далеку од Црквата. Што би требало да им кажеме? На момчето му одговорив: „Последната работа која мораш да ја направиш е да му кажеш нешто. Започни така што нешто ќе направиш, а потоа тој или таа ќе те праша за објаснување за тоа како и зошто така живееш, тогаш одговори му: да евангелизираш значи да даде сведоштво. Живеам вака затоа што верувам во Исус Христос. Во тебе ја будам таа љубопитност. Ние (христијаните) тоа го правиме затоа што веруваме во Исуса Христа и Го навестуваме и тоа не само со зборови – треба тоа да го правиме и со зборови – туку пред сè со животот.

Тоа сведоштво се дава „бесплатно“ односно без очекување да ни се возврати – рече Светиот Отец – затоа што секој верник и самиот бесплатно ја примил Радосната вест – затоа што Божјата добрина, спасението и љубовта и онака не можат да се купат порача Папата. Добар пример за тоа е светецот на денот свети Петар Клавер:

„Тој не се прошетал низ животот и тука и таму ја навестил Радосната вест. Не ја сведува евангелизацијата само на вршење на должностите, ниту бил прозелит. Тој со своите дела го навестува Исус Христос: разговарал со робовите и живее меѓу нив; уште повеќе живее како еден од нив! Многу такви примери има во Црквата! Многумина го напуштиле својот (поранешен) живот за да го навестуваат Исус Христос. И ние браќа и сестри имаме обврска да евангелизираме. Не станува збор за тоа да одиме од врата на врата и да викаме: „Христос воскресна!“ туку сме повикани да ја живееме нашата вера и со љубов да ја сведочиме не очекувајќи ништо за возврат; повикани сме да им пружиме на другите она што Бог бесплатно го дава. Тоа значи да евангелизираме!“ – заврши на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот