Архиепископот Целестино Миљиоре за одговорноста за климатските промени

Не треба да се истакнуваат вините, туку туку многу повеќе способностите како би се делувало според принципите на праведност и заедничките, но различни одговорности – истакна архиепископот Целестино Миљиоре, апостолски нунциј во Варшава, говорејќи на 19. Светски собир за климатските промени, кој се одржува во главниот град на Полска. Архиепископот говореше на конференцијата одрганизирана од Меѓународниот Каритас, која се одржува под насловот „Верските протагонисти се заземаат за климатска праведност“.

Осврнувајќи се на неодамнешниот извештај на Меѓувладините тела за климатските промени на ефектот на стаклена градина, архиепископот забележа дека е втемелен на помалку катастрофални податоци отколку во минатото, па така – според зборовите на архиепископот – ни пристапот не е толку вознемирувачки, и помалку е идеолошки, а сето тоа овозможува подобра атмосефера за разговор и одлуки.

Меѓутоа, иако е несомнена потребата за делување што се однесува на загадувањето, начините на кои тоа треба да се направи сѐ уште се предмет на меѓународни несогласувања. И покрај тоа што светот уште 1997 година стана свесен за разорните последици на штетните гасови– потсети архиепископот, по дваесетината одржани светски собири за климата, на крајот се постигнати незадоволителни резултати. Денеска се потврдува расправата за принципите на праведност и заедничките, меѓутоа различни одговорности која ги спротивставува индустријализираните земји и оние во развој – напомна архиепископот Миљиоре истакнувајќи дека проблемот се темели на зборот „праведност“. Сите го користат, но не секогаш во иста смисла – истакна и забележа дека сигурно не може едноставно да значи „еднаквост“.

На пример – објасни архиепископот Миљиоре – ако е вистина дека секој поединец, секоја регионална или национална заедница, има еднакви права во искористувањето на богатствата од атмосферата, ќе имаат исто така еднакви должности во нивната заштита. Затоа показателите на емисии на штетни гасови треба да бидат ускладени со населението и количината на гасови по жител.

Архиепископот, освен тоа говореше и за нивото на испуштање гасови, но и за нивното намалување кое ќе треба да води сметка за емисијата на штетните гасови на одредени земји во неодамнешното минато. Тука влегува во игра принципот по кое кој загадува, има сразмерно и да плати, така да не биде оштетена ниту една земја.

Истакнувајќи потоа дека Светата Столица учествува во составувањето на новиот договор за клима, токму затоа што смета дека пред кризата е потребно активно делување, архиепископот Миљиоре изрази уверување дека новиот договор нема да може да ги земе во обѕир само вините, одговорностите или пропустите кои се насобрале во минатото, туку и реалната способност на секоја земја и секоја актуелна економија, да преминат во акција како би се решил тој проблем. Тоа пак – според зборовите на архиепископот – ќе може да се случи ако се надвладее мислењето според кое науката и техниката се доволни за решавање на економските проблеми.

Меѓутоа, не е така – истакна архиепископот – Кризата во која сега се наоѓа човештвото, е од економско, прехрамбено, еколошко и општествено обележје, но всушност и морално, па затоа обврзува на живот во умереност и солидарност, покрај нови правила и начини на заземање, и потпирајќи се на надежта и храброста на веќе остварените позитивни искуства, и одлучно одбивајќи ги оние негативните.

Пример можат да бидат големите светци од минатото, како Бенедикт и Фрањо – рече архиепископот – заедно со денешните Папи, посебно што се однесува на нивниот однос кон околината. Никој од нив не говори за некоја апстрактна природа, туку за создадената; за Божјиот дар кој треба да се прифати, негува и воздигнува. Не зборуваат за борби, ниту за одбрана, што секогаш подразбира постоење на некој непријател. Некогаш непријател била непредвидливата и понекогаш сурова природа; денеска непријател е човекот кој ја искористува и загадува. Тие, напротив, говорат за зачувување и унапредување – истакна архиепископот Миљиоре.

РВ/Превод: С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот