Генерална аудиенција: Патувањето во Унгарија и Словачка беше ходочастие на молитва, корените и надежта

Генерална аудиенција: Патувањето во Унгарија и Словачка беше ходочастие на молитва, корените и надежта

Патувањето на Папата во Унгарија и Словачка заврши пред само една недела. Светиот Отец на денешната Генерална аудиенција зборуваше за посетата дека е поклонение на молитва, поколонение на корените, поклонение на надежта.

Светиот Отец најпрво престојуваше во Будимпешта, каде што го затвори Меѓународниот евхаристиски конгрес. На оваа „жива прослава“, како што рече Папата, светиот народ Божји се собра на Господовиот ден пред таинството на Евхаристијата, со која постојано се создаваат и обновуваат. Ги прегрна крстот што висеше над олтарот, покажувајќи ја насоката означена со Евхаристијата, патот на понизната и несебична љубов, великодушната љубов полна со почит кон другите, патот на верата што нѐ чисти од световноста и води кон суштинското.

Ова ходочастие на молитва, продолжи Папата, заврши во Словачка на празникот Пресвета Богородица на Страдањето. Исто така, имаше многу нејзини деца во Шастин, во светилиштето на Пресвета Богородица од седумте маки. Затоа, направив поклонение на молитва во срцето на Европа, почнувајќи со обожавање и завршувајќи со народна побожност, рече Светиот Отец.

Исцелување преку молитвата, сведочењето и понизната љубов

Пред сѐ Божјиот народ е повикан да се поклонува, да се моли, да патува, да оди на поклонение и да прави покора и преку тоа да го чувствува мирот и радоста што ни ги дава Господ. Тоа треба да биде нашиот живот. Ова е особено важно на европскиот континент, каде што Божјото присуство е разредено од потрошувачкиот и едноличен начин на размислување, кој е плод на мешавина од стари и нови идеологии, рече Папата. Исцелување можеме да го најдеме во одговорот што доаѓа од молитвата, сведоштвото и понизната љубов. Понизна љубов, која служи. Да ја повториме таа идеја: христијанинот мора да служи.

Тоа го согледав на средбата со светиот народ Божји. А што согледав? Верни луѓе кои претрпеле атеистичко прогонство. Го видов и во лицата на нашите браќа и сестри Евреи со кои се присетив на Холокаустот. Затоа што нема молитва без сеќавање. Ова значи дека кога се молиме, мора да се сеќаваме на нашите животи, животите на нашите луѓе, луѓето што нѐ следат во градот, земајќи ги предвид нивните приказни.

Живи корени

Говорејќи за поклонение кон корените, Папата посочи дека на средбите со унгарските и словачките бискупи може директно да го доживее благодарното сеќавање на тие корени на верата и христијанскиот живот, живописно во сведоштвата на кардиналот Миндзенти; Кардиналот Корец, како и блажениот Павле Петар Гојдиќ.

Ја согледав силата на тие корени при славењето на Божествената Литургија според византискиот обред во Прешов. Во химните, го почувствував треперењето на срцата на светиот народ Божји, што беше исковано од нивните бројни страдања за верата, рече Светиот Отец на аудиенцијата.

Повеќе пати нагласував дека овие корени се живи, полни со силата на Светиот Дух, и како такви мора да се зачуваат, истакна Папата – не како музејски експонати, идеологизирани и користени за престиж и моќ, за зајакнување на затворениот идентитет.

Надеж во очите на младите

Последниот аспект од патувањето, кој го истакна Папата беше поклонение на надежта. Тој изрази радост што виде надеж во очите на младите луѓе во Кошице, каде што исто така се сретна со многу парови со деца. Забележав надеж кај многу луѓе кои тивко се трудат и се грижат за својот ближен, рече Папата, нагласувајќи ги сестрите Мисионерки на љубовта, кои се грижат за бездомниците во Братислава.

Светиот Отец потсети и на средбата со ромската заедница и сите оние кои работат со нив на патот на братството и инклузија. Беше трогателно да се биде на славење со нив, рече Папата, велејќи дека тоа беше едноставно славење со „мирисот на евангелието“.

Светиот Отец ја заврши аудиенцијата изразувајќи благодарност до бискупите и граѓанските власти во Унгарија и Словачка, како и до сите верници кои беа вклучени во неговото патување.

После аудиенцијата, во салата на Павле VI. Папата се сретна со три христијански семејства од Авганистан – вкупно 14 лица, од кои седум се малолетници, кои побегнаа од Кабул минатата недела.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот