Папата Фрањо: Христијанскиот брак е верност, постојаност и плодност

Верност, постојаност, плодност: овие се карактеристиките на Христовата љубов кон Црквата, неговата сопруга, но исто така и на вистинскиот христијански брак. Тоа го посочи папата Фрањо на светата Литургија во понеделник 2 јуни, која ја служеше во домот Света Марта во Ватикан.

Петнаесет парови, петнаесет брачни приказни на семејства кои почнаа пред 25, 50 и 60 години пред олтарот и кои пред олтарот пред папата Фрањо, се собраа за да благодарат на Бог за изминатиот пат. Една сцена, што му овозможи на Светиот Отец да се задржи на трите главни столба, кои во верата треба да одговараат на брачната љубов: верност, постојаност, плодност. Моделот ги претставува, објасни Папата, „трите чувства на Исус“ кон неговиот Отец, кон неговата Мајка, кон Црквата. „Голема“ е љубовта на Исус кон Црквата. „Исус се ожени од љубов“. Таа е неговата сопруга: убава, света, грешница, но сеедно ја сака“. Неговиот начин на сакање, ги покажува „трите карактеристики“ на таа љубов:

„Тоа е верна, постојана и плодна љубов. Исус е верен! Љубовта на Исус кон неговата Црква е верна. Оваа верност е како една светлина над бракот. Верност во љубовта. Секогаш “.

Верна секогаш, но и неуморна во својата постојаност. Каква е љубовта на Исус кон неговата Црква :

„Брачната љубов треба да биде постојана. Бидејќи во спротивно љубовта не може да оди напред. Постојаност во љубовта и во убавите и во најтешките моменти, кога има проблеми: проблеми со децата, економски проблеми, проблеми овде, проблеми таму. Но љубовта издржува, оди напред барајќи да се спротивстави на нештата, за да се спаси семејството“.

Љубовта на Исус, истакна папата Фрањо, „ја прави плодна Црквата со нови чеда, крштевки и Црквата расте со таа брачна плодност“. Во еден брак оваа плодност понекогаш може да биде ставена на искушение, кога се нема деца или пак тие се болни. Во овие искушенија, истакна Папата, има парови кои „гледаат кон Исус и примаат сила од плодноста, која Исус ја има со својата Црква“. Додека во спротивен случај, заклучи „сретнуваме работи што не му се допаѓаат на Исус“, поточно стерилни бракови по избор:

„Тоа се браковите кои не сакаат деца. Културата на благосостојбата од пред десет години нѐ убедуваше: „Подобро е да немаме деца!“ Подобро е да го запознаеме светот, да одиме на одмор, да имаме вила или куче и две мачки на кои ќе им ја даваме нашата љубов. … На крајот таквиот брак доаѓа до старост во осаменост, со горчина на лошата навика. Овој брак не е плоден, Исус не постапува така со својата Црква: Тој ја прави плодна“.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот