Папата: Исусовиот мир е како мирот во длабочините на морето

Папата: Исусовиот мир е како мирот во длабочините на морето

Станува збор за мир кој не доаѓа од овој свет, туку од Светиот Дух, за мир кој останува во искушенијата, секако ни дава сила да одиме напред

Како можат да се надминат неволјите и прогонствата кои ги претрпе свти Павле, кои се опишани во првото читање од денешната Литургија од Делата на светите апостоли. Одговорот е: со мирот кој го дава Исус на своите ученици во прошталниот говор за време на Последната вечера: „Мирот свој ви го оставам“ и за што всушност известува евангелието од денешната Литургија?

Токму од тоа прашање папата Фрањо беше поттикнат за проповедта во домот Света Марта, за време на Литургијата која ја служеше на 21 мај 2019 година. Живот во прогонство и со неволји изгледа како живот без мир, меѓутоа се работи за последното блаженство, потсети Папата: Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно – заради Мене!

Исусовиот мир оди заедно со прогонството и неволјите –рече Светиот Отец и објасни: Станува збор за многу длабок мир кој е основа на сите работи. Тоа е мир кој никој не може да го одземе, тоа е дар; како морето кое во длабочината е мирно, а на површината има бранови. Да се живее во мир со Исус значи да се има тоа искуство на мир во внатрешноста, кое останува и покрај сите искушенија, тешкотии и неволји.

Само така може да разбереме како ги живееле последните часови многу светци, кои не го изгубиле мирот, туку на сведоците можеле да им кажат дека можат да поднесат мачеништво како да се повикани на свадба – рече Папата и истакна: Тоа е дар на Исусовиот мир кој не можеме да го имаме преку човечки средства, на пример да се отиде на лекар и земајќи средства за смирување. Станува збор за нешто поинакво, што во нас доаѓа од Светиот Дух и што со себе донесува сила. Како онаа сила која ја има човек кој се навикнал многу да работи и кој поради ненадејна болест мора да запре со своите проекти, успевајќи постојано да остане во мир. Тоа е христијанин!

Исусовиот мир нѐ учи да одиме напред во животот – рече Папата и напомена: Нѐ учи да поднесуваме. Не сфаќаме добро што значи тоа, но тоа е христијански збор што значи да се носи на грбот. Да се поднесува значи да се носи на грб животот, тешкотиите, работата, сѐ и при тоа да не се изгуби мирот. Напротив, да се носи на грбот и да се има храброст да се оди напред. Тоа може да се разбере само тогаш кога го имаме во себе Светиот Дух кој ни го дава Исусовиот мир.

Меѓутоа, ако дозволиме живеејќи да нѐ опфати голема нервоза и да го загубиме мирот, тоа значи дека постои нешто што не функционира – рече Светиот Отец и додаде: Имајќи го во срцето ветениот Исусов мир, а не оној кој доаѓа од светот или од парите од банка, можеме да се соочиме со тешкоти, па и оние најгрдите, и да одиме напред и тоа да го правиме со уште поголема способност која дава радост на срцето. Човекот кој го живее тој мир, никогаш не ја губи смислата за хумор. Знае да се смее за себе, за другите, секако на своите слабости и сѐ друго. Станува збор за смисла на хумор кој е многу близок на Божјата милост. Тоа е Исусовиот мир во секојдневниот живот и неволји, со малку смисла за хумор кој ни дава да го вдишуваме доброто. Нека Господ ни го даде тој мир кој доаѓа од Светиот Дух, кој е својствен за Него и кој ни помага да поднесуваме и да носиме многу тешкотии во животот – рече на крајот од проповедта Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот