Најава: Ходочестие во Паљурци

Најава: Ходочестие во Паљурци

Во недела 29 октомври 2023 година ќе се одржи ходочестие во Паљурци на парохиите од Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија во чест на Богородица Утешителка Паљурска.

Централниот настан ќе се одржи во манастирот посветен на Богородица Утешителка Паљурска на „Чуката“ во Паљурци, каде Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх во 14.00 часот ќе служи Молебен во чест на Богородица.

Епископот Стојанов упати повик во кој овој ден го посветува за мир во Израел и Палестина, Украина и насекаде во светот каде што луѓето копнеат за дарот на мир.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот