Папата го најави Светскиот ден на децата

Папата го најави Светскиот ден на децата

На крајот од пладневното обраќање во петок 8 декември 2023 година, по молитвата Ангел Господов, папата Фрањо го најави Светскиот ден на децата, првото издание на иницијативата под покровителство на Дикастеријата за култура и образование, што ќе се одржи во Рим на 25 и 26 мај 2024: „Како Исус, сакаме во центар да ги ставиме децата.“

Светскиот ден на децата, по стапките на Светскиот ден на младите, ќе се одржи во Рим на 25 и 26 мај 2024 година. Ова денеска со радост го соопшти папата Фрањо на крајот од своето пладневно обраќање на празникот Безггрешно зачнување на Пресвета Богородица.

Оваа иницијатива одговара на прашањето каков свет сакаме да им пренесеме на децата кои растат? „Како Исус, сакаме во центар да ги ставиме децата и да се грижиме за нив.“

Настан под покровителство на Дикастеријата за култура и образование

Настанот, на кој во Рим ќе се соберат илјадници момчиња и девојчиња од целиот свет, е под покровителство од Дикастеријата за култура и образование, која веќе беше покровител на настанот одржан на 6 ноември, насловен „Да учиме од момчињата и девојчињата“. на која во салата Павле VI околу Папата се собраа 7.500 деца од сите континенти. Тоа беше прекрасна средба на музика и сведоштво што е увертира за Светскиот ден на децата во Рим следната година.

Предлогот на малиот Алесандро

Идејата за ден целосно посветен на децата во јуни му ја предложи на Папата 9-годишниот Алесандро, по повод Popecast, вториот подкаст што ватиканските медиуми го реализираа со папата Фрањо во поглед на Светскиот ден на младите во Лисабон.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот