Папата имаше ручек со млади во Апостолската нунцијатура во Лисабон

Папата имаше ручек со млади во Апостолската нунцијатура во Лисабон

Во петок, 4 август 2023 година, Светиот Отец имаше ручек со млади луѓе од различни земји во Апостолската нунцијатура во Лисабон.

Себастиао, Клара Исабел, Јоана, Луис Карлос, Беатрис, Педро, Одри, Хана, Карам, Марија Магдалена.

Станува збор за десет млади луѓе – шест девојчиња и четири момчиња – кои на 4 август, во Лисабон ручаа со Светиот Отец во Апостолската нунцијатура во рамки на Светскиот ден на млади.

Младите од различна возраст (од 24 до 34 години) и од различни националности (од Португалија, Бразил, Гвинеја, Филипини до Палестина) беа избрани за да се обнови традицијата која со години се повторува на секој Светски ден на млади.

На ручекот присуствуваа и кардиналот Мануел Хозе Макарио до Насименто Клементе, патријарх на Лисабон и помошниот бискуп Америко Агијар, претседател на Фондацијата за Светски ден на млади во Лисабон 2023 година, кои ќе биде вброен во Кардиналскиот колегиум на следниот конзисториум.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот