Tag "Папа Фрањо"
Бродолом во Калабрија: Патувањата на надеж да не бидат патувања на смрт
Како и во неделата, на 26 февруари, кога се случи трагедијата во близина на брегот на италијанската провинција Калабрија, папата Фрањо повторно ја изрази својата тага во своето пладневно обраќање во недела 5 март 2023 година, и упати апел: „Трговците со луѓе мора да бидат запрени; нека престанат да располагаат со животите на многу невини луѓе. Водите на Медитеранот повеќе да не бидат крвави од вакви несреќи“
Украина и жртвите од железничката несреќа во Грција се во мислите на Папата
По молитвата Ангел Господов во недела 5 март 2023 година, папата Фрањо ја спомена 400-годишнината од мачеништвото на свети Јосафат и ја пофали посветеноста на Украинците во прифаќањето на сонародниците побегнати од војната. Покрај тоа, тој се помоли и за семејствата на жртвите од железничката несреќа што се случи во Грција на 1 март
Папата им порача на медиумите да ја „глобализираат“ солидарноста, а не рамнодушноста
Примајќи ги во аудиенција вработените од една католичка италијанска ТВ емисија, папата Фрањо ја изрази својата благодарност за нивната постојана посветеност за ширењето на евангелската порака и ги охрабри да продолжат светлата на рефлекторите да ги насочуваат кон приказните и реалностите од периферијата
Интервју на Папата за белгиски католички медиуми
Од Вториот Ватикански собор до актуелниот синодален процес, од војната во Украина до заборавените конфликти во светот. Папата допира голем број теми во подолгото интервју кои го објавија белгиските католички неделни веснициTertio и Dimanche.
Папата изрази сочувство за железничката несреќа во Грција
Папата Фрањо ја изразува својата тага и сочувство за жртвите од директниот судир на патнички и товарен воз во Грција, во кој загинаа најмалку 36 луѓе, а повеќе од 85 се повредени. Светиот Отец во средата на 1 март испрати порака во која изразува сочувство заради тешката железничка несреќа која се случи во вторникот на 28 февруари вечерта во близина на грчкиот град Лариса, ветувајќи ги своите молитви за настраданите и членовите на нивните семејства. Доверувајќи ги душите на починатите
Папата ги укина привилегиите за изнајмување згради кои му припаѓаат на Ватикан
Папата Фрањо нареди укинување на нормите кои дозволуваат бесплатно користење или користење под поволни услови на имот во сопственост на културни институции и тела кои припаѓаат на Светиот Престол.
Објавени се логото и мотото за патувањето на папата во Унгарија
„Христос е нашата иднина“ е мотото што ќе го придружува 41. Апостолско патување на Папата во странство од 28 до 30 април во Унгарија.
Во тек се духовни вежби за Папата и Римската курија
Во првата недела од Великиот пост, активностите на Светиот Отец се откажани бидејќи Папата и раковидителите на Римската курија овие денови ги посветуваат на приватни, молитвени духовни вежби.
Во април папата Фрањо ќе ја посети Унгарија
Канцеларијата за печат при Светиот Престол во понеделник, 27 февруари 2023 година, објави дека папата Фрањо во април 2023 година ќе патува во Унгарија
Мигрантите, Светата Земја и Буркина Фасо во срцето на Папата
По молитвата Ангел Господов во недела 26 февруари 2023 година, папата Фрањо ја изрази својата тага за уште една трагедија во морето, која се случи утринава кај брегот на италијанскиот град Кротоне, во која животот го загубија најмалку 40 луѓе.