Tag "Папа Фрањо"
Папата: Црквата не е дом само за некои, туку за сите
Извадоци од интервјуто на Паоло Родари со папата Фрањо за Швајцарската радио телевизија (RSI) се објавени на 10 март 2023 година, а целосното интервју ќе биде емитувано во недела, на 12 март пред десетгодишнината од неговиот избор за Римски бискуп, која се слави на понеделник, 13 март. Меѓу темите беа потребата за негување култура на добредојде, војната во Украина и други конфликти, односите со претходникот Бенедикт XVI, размислување за животот после смртта.
Папата Фрањо: Предизвик е да се отвори Црквата за посланието
Папата Фрањо на 11 март 2023 година во Ватикан се сретна со членовите на Шпанската бискупска конференција за мисии и соработка со Црквите и членови на Управниот одбор на невладината организација „Misión América“. Папата ги упати на сликата кога Исус ја испраќа својата Црква во светот: тоа нека биде поттик „да им се даде видливост на раните кои се уште се опипливи во неговото таинствено тело“.
Папата: Вклучувањето е пат кон подобра иднина
Папата Фрањо ги прими учесниците на конференцијата „Cattedra dell’accoglienza“ (Претседавач на гостопримство) организирана од здружението „Fraterna Domus“ и ги охрабри нивните напори за промовирање на култура на инклузија и гостопримство со цел да се изгради подобра иднина за сите .
Папата Фрањо: Ерусалим има универзална духовна вредност
Папата Фрањо ја поздрави делегацијата на групата за меѓурелигиски дијалог меѓу Светиот Престол и Палестина и потсети на универзалната вредност на Ерусалим за трите главни монотеистички религии
Папата Фрањо упати честитки по повод Меѓународниот ден на жената
Во среда, 8 март, Светиот Отец упати честитки до сите жени по повод нивниот Ден, во која им се заблагодари за нивната посветеност во изградбата на похуман свет
Објавени се хирограф на Папата и новиот Статут на IOR
Институтот за верски прашања (Istituto per le Opere di Religione, IOR) се прилагодува на новата Апостолска конституција „Praedicate Evangelium“
Папата го обнови Кардиналскиот совет
Новите членови на Кардиналскиот совет се кардиналот Пиетро Паролин, Вергез Алзага, Фридолин Амбонго Бесунгу, Освалд Грацијас, Шон Патрик О’Мали, Хуан Хозе Омела Омела, Жералд Лакроа, Жан-Клод Холерих и Серхио да Роша, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Папата Фрањо: Океаните се Божји дар за сите генерации
Папата Фрањо упати порака до учесниците на 8. конференција „Нашиот океан“ што се одржа во Панама и ги повика владите ширум светот да ги заштитат океаните во корист на идните генерации.
Папата до идните свештеници: Секогаш бидете знак на милосрдната Црква
Говорејќи пред заедницата на бискупската семинарија „Света Марија“ од Кливленд, папата Фрањо ги поучи богословите како да се подготват за свештеничка служба во сегашниот синодален процес и ги охрабри да го продлабочат духот на братското заедништво.

