Објавени се хирограф на Папата и новиот Статут на IOR

Објавени се хирограф на Папата и новиот Статут на IOR

Институтот за верски прашања (Istituto per le Opere di Religione, IOR) се прилагодува на новата Апостолска конституција „Praedicate Evangelium“

Институтот за верски прашања се обновува неполни четири години по последната ревизија на Статутот. Ова се прави со цел да се прилагоди на новата Апостолска конституција Praedicate Evangelium: петгодишните мандати можат да се обноват уште еднаш, поедноставена е управувачка структура со подобро дефинирани улоги помеѓу различни тела за да се избегне преклопување или дуплирање на активностите. Овие одредби произлегуваат од хирографот на папата Фрањо и од новиот Статут, објавен во вторник, 7 март 2023 година, со кој се обновува IOR чија цел, како што е наведено, е да обезбеди чување и управување со движниот и недвижниот имот што му е пренесен или доверен од физички или правни лица, а кој е наменет за верски или каратативни работи.

Затоа, главните измени содржани во овие два текста се однесуваат на усогласувањето со одредбите за петгодишниот мандат и обновувањето на мандатите во различни тела, што ќе биде можно само еднаш (со тоа и најмногу до десет години). Има одредби и за конфликт на интереси: пропишано е секој член на Надзорниот одбор да не се меша во одлуките во кои има интерес, моментален или потенцијален, во свое или во име на трети лица.

Друга измена се однесува на појасно дефинирање и разликување на поединечните улоги и одговорности на органите на Институтот. Надзорниот одбор е одговорен за дефинирање на стратешките насоки, општите политики и надзорот на активностите на IOR. Главниот директор е одговорен за управувањето и администрацијата на Институтот, а неговиот заменик престанува да биде орган на управување и станува функција за која главниот директор може да делегира еден од раководителите.

Генералниот директор и понатаму се назначува од Надзорниот одбор и го одобрува Кардиналска комисија, но отсега врз основа на потесен список од најмалку тројца соодветни кандидати. Може да биде примен на одредено или неопределено време.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот