Папата го обнови Кардиналскиот совет

Папата го обнови Кардиналскиот совет

Новите членови на Кардиналскиот совет се кардиналот Пиетро Паролин, Вергез Алзага, Фридолин Амбонго Бесунгу, Освалд Грацијас, Шон Патрик О’Мали, Хуан Хозе Омела Омела, Жералд Лакроа, Жан-Клод Холерих и Серхио да Роша, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Папата Фрањо го обнови Кардиналскиот совет бидејќи мандатот на претходниот истече. Новите членови се кардиналите: државниот секретар Пиетро Паролин, претседателот на управата на градот Ватикан Фернандо Вергез Алзага, надбискупот од Киншаса Фридолин Амбонго Бесунгу, надбискупот од Бомбај Освалд Грацијас, надбискупот од Бостон Сеан Патрик О’Мали, надбискупот на Барселона Хуан Хозе Омела Омела, надбискупот на Квебек Жералд Лакроа, надбискупот на Луксембург Жан-Клод Холерих и надбискупот на Сан Салвадор де Баија Серџо да Роша.

Секретар на Советот е монсињор Марко Мелино, титуларен бискуп од Кресимо. Следниот состанок на Советот ќе се одржи на 24 април 2023 година во 9.00 часот во Домот Света Марта. Последниот состанок на Кардиналскиот совет, одржан во декември минатата година, беше посветен, меѓу другото, и на континенталната фаза на Синодата. Првиот состанок се одржа од 1 до 3 октомври 2013 година.

Папата Фрањо го основа Кардиналскиот совет со хирограф од 28 септември 2013 година, со задача да му помогне во управувањето со Универзалната црква и да го проучува реформскиот план на Римската курија, кој се спроведува со новата Апостолска конституција Preedicate Evangelium, објавена на 19 март минатата година. Кардиналскиот совет, стои во хирографот, е замислен како дополнителен израз на епископското заедништво и помошта munus petrinum кој може да го понуди епископатот од целиот свет .

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот