Подароци пред Божиќ за децата во Скопје и Гостивар

Подароци пред Божиќ за децата во Скопје и Гостивар

На ден 9 декември 2017 година во парохијата „Пресвето Срце Исусово“ беше организирана работилница за деца, која беше анимирана од страна на вероучители и од Движењето на фоколарите. Тема на работилницата беше „Поврзаноста на подарувањето со Свети Никола“. Преку презентација децата се запознаа како можат тие да подарат и да бидат подарок. После тоа во рамките на работилницата беа изработувани фигури на ангели и малиот Исус, јасли и божикни елки. Во вториот дел од овој настан пристигна костимиран свети Никола кој на децата им подели подароци, но првин ги прашуваше за нивното однесување и дали го познаваат животот на Свети Никола.

Исто така бројни деца и родители во сабота на 16 декември 2017 година во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар уживаа во божиќните песни на парохискиот катедрален бенд „Агапе“ од Скопје. Децата од Куманово преку претстава ја прикажаа Божиќната приказна. На крајот свети Никола ги посети децата и преку песна и разговор ги запозна со христијанските вредности на верата и значењето на подарувањето. Задолжително деца посакаа да се фотографираат со драгиот гостин. Благодарение на донатори добија и подароци и ветија дека ќе бидат добри во годината која претстои.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот