Папата именува монахиња за втор човек во Дикастеријата за целосен човечки развој

Папата именува монахиња за втор човек во Дикастеријата за целосен човечки развој

Папата Фрањо ја именува италијанската монахиња и економист сестра Алесандра Смерили (46) за секретарка и со тоа второ лице на Ватиканската дикастија за целосен човечки развој, објави на 26 август 2021 година Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Назначувањето е привремено, „ad interim“, но во соопштението не се наведува конкретен рок. Сестра Алесандра во службата го наследува францускиот свештеник Брун Марија Даф и (70), кои се врати во својата татковина. Исто така привремено, сестра Алесандра ќе ги преземе должностите на аргентинскиот свештеник Августо Зампини (52) како комесар на Ватиканската комисија за Ковид-19. Тој исто така се враќа во својата татковина.

Во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол се наведува дека Папата во Ватиканската комисија „Ковид-19“ го поставува кардиналот Питер Турксон, префект на Дикастијата за целосен човечки развој, сестра Алесандра Смерили, в.д. секретар на Дикастијата, и о. Фабио Бјаџо, заменик -секретар на одделот за мигранти и бегалци.

Сестра Алесандра Смерили е роден во 1974 година во Васто; од март 2021 година, ја врши службата потсекретар на Дикастијата за целосен човечки развој и координатор на Работната група за економски прашања на Ватиканската комисија за Ковид-19.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот