Светиот Престол му подари на кралот Чарлс III. фрагменти од моштите на Крстот Христов

Светиот Престол му подари на кралот Чарлс III. фрагменти од моштите на Крстот Христов

Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол потврди дека на почетокот на април Светиот Престол подари фрагменти од моштите на Крстот Христов на кралот на Обединетото Кралство и на врховниот управител на Црквата на Англија „како екуменски гест“.

Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, одговарајќи на новинарски прашања, во четвртокот, на 20 април 2023 година, потврди дека на почетокот на овој месец Светиот Престол „ги подари фрагменти од моштите на Крстот Христов“ преку Апостолската нунцијатура, до неговото височество кралот Чарлс III, суверенот на Обединетото Кралство и врховен управител на Англија „како екуменски гест по повод стогодишнината од Англиканската црква во Велс“.

Станува збор за дарување на два дела од вистинскиот крст на кој бил распнат Исус. Скапоцените мошти, кои се чуваат во Ватикан, деновиве беа доставени во кралската капела Свети Јаков во Лондон. Веста за донацијата ја објавија британските медиуми, потоа со објава на Твитер ја потврди и амбасадорот на Обединетото Кралство во Светиот Престол Кристофер Трот. Монсињор Ервин Ленгјел, советник на Апостолската нунцијатура во Велика Британија, подоцна на својот Твитер профил ја сподели објавата на амбасадорот Трот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот